ШМИТ ОД МАРКАРТ, ЦУБАЛЕВСКИ ОД ОДВ ЕЛЕКТРИК И НОВЕСКИ ОД СИНЦЕРИТАС - нови членови на Управниот одбор на Германската комора
Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022
Шмит од Маркарт, Цубалевски од ОДВ Електрик и Новески од Синцеритас се новите чкленови на Управниот одбор на Германската комора.
За тоа медиумите ги информираше Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство.
„На генералното собрание на Македонско-Германското стопанско здружение (DMWV) кое се одржа на 15 јуни 2022 година во Скопје беше избран нов Управен одбор. Со цел да се внесат нови импулси, но и во согласност со новиот статут, тројца членови на Управниот одбор ги отстапија своите места на ново избраните членови, Јурген Шмит од Маркарт Македонија ДООЕЛ, Огнен Цубалевски од ОДВ-Електрик и Роберт Новески од Синцеритас АД.
Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Тодор Деловски од Кнауф Радика и Трајан Ангелов од Квенбергер Логистик Македонија после повеќегодишно членство во Одборот ги отстапија своите места.
Би сакал да им се заблагодарам на членовите кои досега беа дел од Управниот одбор за нивната посветеност до крај како и за спроведените реформи во интерес на Македонско-Германското стопанско здружение.
Воедно им честитам на новоизбраните членови на Управниот одбор“, информира Мартенс.