29 Март, 2024
0.0276

ШОКАНТНА ПРЕСВРТНИЦА - возач од Дурмотурс сега не се сеќава дека се местела брзината

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Постои ризик да пропадне и судскиот процес за сообраќајката на 13 февруари кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, напиша на Фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски.

„Таму обвинети се шест лица. Сопственикот и двајца вработени на Дурмо турс се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека други тројца вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело. Според наводите на Обвинителството, поранешен вработен во Дурмо турс изјавил дека кога автобусите се носеле на сервис во Скопје, таму се инсталирал уред за манипулација на тахографот, дека тој уред се активирал со копче и бележел помала брзина', со чија помош возачите можеле слободно и незабележано да возат со брзина поголема од дозволената. На денешното рочиште, сведокот се премисли и рече дека не изјавил такво нешто“, пишува пратеникот.

Тој прашува - дали повторно, правосудните институции не успеаја да спречат влијаење врз сведокот? 

„Ако ова се случува во високопрофилните слуичаи, каква е вистинската состојба со огромното мнозинство предмети кои поминуваат незабележани во јавноста?“, прашува Богоевски.

Според него, овој проблем е една од фаталните рани на нашето правосудство, заедно со честите разболувања и смртни случаи кај странките во постапките, неефикасната и бавна достава актите и сличните „виткања“ на законот на штета на самите постапки.

Малку е веројатно дека овие проблеми можат да се решат со нови закони или нови реформи, без разлика колку амбициозно би биле концепирани. Не можат ни да се решат со дополнителна политичка воља на извршната власт, без тоа да биде мешање во судството.

„Треба сериозно преиспитување кој се работи во тие институции. И треба конечно да сфатиме дека овој проблем не може да се реши без длабок рез во трулиот дел на судството, бидејќи освен промени во неколку раководни позиции, таму се уште се луѓето кои своите кариери ги изградија во времето кога се судеше по тефтер и по нарачка“, пишува Богоевски.

Инаку, поранешен возач во фирмата Дурмо турс, Бесник Халили, денеска на рочиштето го негираше се она што кажал пред јавниот обвинител пред неколку месеци. Тој рече дека на ништо не се сеќава за кобниот автобус кој го управувал од 2007 до 2014 година, на релација Гостивар Скопје и обратно.

Тој претходно даде заклетва дека нема лажно да сведочи, но сега вели дека обвинителот не го запишал точно она што го кажувал кај него. Според него, тоа не се негови зборови и не е вистина, а тој рече дека не е толку интелигентен за тоа да го каже. 

Обвинителот претходно запишал дека Халили пред него кажал дека во автобусот имало уред, копче за манипулација со тахографот, односно уред со кој се намалувала брзината со која се движел автобусот. 

Но, денеска пред судот тој рече дека не се сеќава дека имало таков уред. Тој пред обвинителот тврдел дека лично го носел тахографот на сервисирање во фирма во Скопје по наредба на еден од обвинетите, Ремзи Мифтари, но сега вели дека на ништо не се сеќава. 

„Ги носевме во Скопје на влезот на Железара на сервис за тахографот. Таму ги носевме да ги баждарат и да ги сервисираат ако нешто не е во ред. Тогаш во Гостивар немаше таква фирма, Ремзи ни кажуваше. Не можам да се сетам дали само Ремзи или Дурмиш нѐ посочуваа во тој сервис. Не се сеќавам дали имало манипулатор“, рече поранешниот возач.

Адвокатите реагираат дека обвинителот однапред го прогласил сведокот за непријателски сведок на одбраната и се обидува да извлече нешто од сведокот што не го кажал. Обвинителот, пак, откри дека на минатото рочиште во судот го видел сведокот како разговара со обвинетиот Мифтари, иако не смее.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење