23 Април, 2024
0.0324

Шокантни несакани ефекти или само лесна главоболка: Британската докторка Ели Кенон открива какви контраиндикации дава оксфордската вакцина

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Д-р Ели Кенон, една од 10.000 волонтери во развојот и истражувањата на Окфордската вакцина против Ковид-19 во разговор за Дејли меил посочува дека дури од средината на декември нема да се знае дали примила вистинска вакцина или плацебо, но како мајка и како лекар смета дека единствено вакцината ќе го врати човештвото во нормалниот тек на живеењето. За британскиот медиум открива што таа лично почуствувала по примањето на лекот.

– Имав неколку пациенти и пријатели кои тврдат дека вакцината е „направена премногу брзо“. Ме прашаа како можам да бидам сигурна дека вакцината е безбедна. Други, пак, ми рекоа дека слушнале дека вакцината против ковид- 19 предизвикува „шокантни несакани ефекти“. Според последната анкета дури третина од Британците во моментов се двоумат дали да се вакцинираат. Но, мојата порака е јасна: не треба да се грижите. Убедена сум дека знаењето на фактите за вакцината ќе им помогне на луѓето да се ослободат од стравот. Во однос на самото истражување, кога дојде третата фаза од тестирањето на вакцината, илјадници здрави доброволци беа вакцинирани, вклучувајќи ме и мене. Половина од нас добија вакцина, а половина плацебо, но не ни беше кажано кој ја вакцинирал, а кој плацебо. Ова беше направено за да можат истражувачите со сигурност да кажат како вакцината влијае врз луѓето. Имено, ако видите слични резултати во плацебо групата и со вистинската вакцина, тоа може да значи дека ефектот е последица на некој друг фактор, а не на активноста на самата вакцина. Потоа чекаа да видат кој од нас доби 19. Бевме тестирани секоја недела. Најлошото што го чувствував беше многу лесна главоболка која исчезна за еден ден, иако не знам со сигурност дали ја добив вистинската вакцина или плацебо. Другите пријавени несакани ефекти вклучуваат замор, лесна треска или болки во мускулите слични на оние што ги доживеале некои луѓе кога се вакцинирани против грип. Ова е знак дека имунолошкиот систем се подготвува да одговори на натрапникот, посочува д-р. Кенон.


Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството