07 Декември, 2025
0.0337

ШОКАНТНИ СУМИ, ЧУДЕН БИЗНИС: По кралската венчавка, гостите ги продаваа подарок-кесичките

Објавено во: Стил 25 Мај, 2018 10:00

Добивај вести на Viber

Кралската свадба заврши, јавноста полека закрепнува од огромниот број на информации поврзани со тоа, но медиуми почнаа да пишуваат за еден чуден бизнис којшто се појави откако заврши венчавката.

Имено, на одреден број гости на свадбата им беа поделени кесички со подароци од младите како спомен од убавиот момент. Пакетите беа поделени на 2.640 гости. 34 добитници решија да бенефитираат од тоа и онлајн почале да ги продаваат кесите по цени од 150 до 13.500 долари.

Оние кои сакаат да ги продадат овие поклони се водат од тоа дека граѓаните сигурно сакаат некаков спомен од историјата на кралското семејство.

Во кесичката со иницијали HM(ХМ), датум и место на одржување има книшка со распоред за настаните, магнет за фрижидер, златна чоколадна паричка, разгледница, шише изворска вода и ваучер со 20 % попуст и поклон од продавницата на Виндзорската пал

ата.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: