25 Април, 2024
0.0261

Шокантно откритие: Биткоин корисниците се пробиени од НСА

Објавено во: Економија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Според Џулијан Асанж основачот на Викиликс, американската Национална агенција за безбедност НСА подолг период работела на технички решенија за пробивање на биткоинот за кој се тврдеше дека е сосема безбеден и ја гарантира анонимноста на корисникот. Биткоинот се базира на блокчејн технологијата која генерира низа на пресметки преку неограничена мрежа на компјутери со уникатни кодови во блоковите и клучеви кои се уникатни за крајниот корисник кој ја финишира трансакцијата во која учествувале сите единици претходно. 

Секако, блокчејн е во самите почетоци, маркантен интернет концепт кој може драстично да ја смени целокупната сајбер сфера и економијата на иднината, но да не брзаме премногу, бидејќи токму основните принципи врз кои треба да се потпира најверојатно се загрозени од страна на безбедносните агенции, а тоа е приватноста, анонимноста, независноста и сигурноста. 

Асанж твдри дека докази за упадот на НСА во биткоин заедницата има во документите со кои располага „свиркачот“ Едвард Сноуден кој пред неколку години откри масовни владини тајни на САД за сеопфатно прислушување на корисници како во Америка, така и ширум светот. Најверојатно во новата програма за сајбер надзор на НСА наречена MONKEYROCKET направени се обиди да се следат корисници на биткоин за кои се тврдеше дека се апсолутно сигурни и анонимни и вирутелните средства може да ги користат слободно во било каква трансакција.

Треба да се земе и во предвид дека намерите на НСА не се суштински злобни и антидемократски, туку постојат сериозни обиди за спречување на сајбер криминалците, но и престапниците од традиционалниот криминал кои го користат биткоинот или било која друга криптовалута за нелегални трансакции. 

Органите на прогонот мора да имаат и соодветни технолошки алатки со кои ќе откриваат терористи, мафијаши, педофили, сајбер или крипто криминалци, но често во тој ќош на безбедносните служби може да влезат сите граѓани кои користат криптовалути. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?