ШОКОВИ ЗА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА: Два фактори може да ја внесат во ризик
Објавено во: Економија 08 Јули, 2020
Два фактори се клучни за тоа во кој правец ќе се движи руската економија.
Станува збор за изборите во САД и трговските војни кои ги зголемуваат ризиците за економијата на Русија.
„Од една страна, руската економија може да се соочи со негативно влијание од економските турбуленции, а од друга страна, забавување на глобалната економија и последователно намалување на побарувачката на суровини како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави Георги Остапкович, директорот на HSE Centre for Business Tendencies Studies.
Професорт Сергеј Кестанов од Катедрата за берзи и финансиски инженеринг при РАНЕПА вели дека е веројатно дека САД ќе се обидат да ги заострат трговските ограничувања против Кина за време на трката за претседателските избори, што, според него, ќе ја намали глобалната побарувачка на суровини.
Руската економија и онака e фрлена на колена, затоа што доживеа загуба од 14 милијарди долари.Се очекува буџетскиот дефицит на крајот на годината да биде скоро пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).