Шолц вели дека Путин не може да ја скрши одбраната на Украина
Објавено во: Свет 26 Мај, 2022
Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Русија нема да ја победи Украина и смета дека не може да и наметнува услови.
„Путин сериозно ќе разговара за мирот само доколку сфати дека не може да ја скрши одбраната на Украина. Нема да има диктиран мир. Украина тоа нема да го прифати, а нема ниту ние“, кажа Шолц.
Германскиот канцелар, исто така, во својот говор тврдеше дека е убеден дека „Путин нема да победи во војната со Украина“, како и дека Русија „веќе доживеала неуспех по прашањето на стратешките цели“ без да конкретизира какви биле вистинските намери на Москва, освен декларираните за „демилитаризација и денацизација“ на Украина.
„Цената на војната е енормна и таа расте секој ден за Путин и за неговиот апарат“, убеден е Шолц.
Шолц во својот говор ниту се осврна на барањата на Киев за испораки на уште повеќе тешко вооружување.
Русите бомбардираа 40 украински градови.