Шпанија ставила вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Зaпаден Балкан?
Објавено во: Свет 23 Април, 2018
Шпанија ставила вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Зaпаден Балкан во Софија затоа што премиерот Маријано Рахој не сака неговиот потпис да се најде на документ заедно со потписот на косовскиот премиер, објави „Ел Паис“.
Но, причината според весникот „не е само политика“, туку и тоа што Маријано Рахој не сака неговото име и потпис да бидат на ист документ на исто ниво со потписот на претставникот на Косово, чија независност не ја признава Шпанија.
Весникот наведува дека за таа информација добил потврда од повеќе извори, и дека Рахој најверојатно ќе ја напушти Софија и самитот пред да почне состанокиот.
Рахој ќе биде присутен само ден претходно, за време на работна вечера заедно со останатите лидери на држави членки на ЕУ.
На Самитот ќе бидат највисоки претставници на Србија, Црна Гора, Албанија, Македониоја, БиХ и Косово.