23 Мај, 2019
0.0223

„Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ги додели првите кредити за старт-ап компаниите што учествуваа во првиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање на старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата „Чекор по чекор“ е прва програма што на старт-ап бизнисите им овозможи пристап до финансиски средства во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра, во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ.

Младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, беа дел од првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис. Младите бизниси, кои се формирани пред помалку од 36 месеци на пазарот, имаа можност да аплицираат за првиот кредит преку подготовка на бизнис-план, кој беше оценуван од соодветна комисија на Банката. На почетокот на првиот циклус на програмата беа пријавени повеќе од 50-тина стартапи, кои имаа можност да бидат дел од едукативните работилници спроведени во соработка со Business Impact Lab и Start-up Academy.

Задоволство ни е што сме првата банка што на младите претприемачи им обезбеди пристап до потребните финансиски средства од традиционални банкарски извори. Оваа поддршка ја овозможивме преку финансиските гаранции на Програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ, како и Ерсте и Шпаркасе Групацијата, со чија помош ја продолжуваме мисијата на општествено одговорно кредитирање на социјалните бизниси и младите иновативни претприемачи. Очекувам дека во иднина оваамлада генерацијапретприемачи ќе ја придвижи македонската економија и ќе креира нови можности за вработување во нашата држава“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија ја имплементираше програмата ‘Чекор по чекор’ во соработка со Social Impact Lab и Start Up Academy, кои беа вклучени во спроведување 8 различни образовни модули. Преку овие работилници, стартап бизнисите ги разработија своите бизнис-планови, а сега, со помош на финансиските средства што ќе им бидат одобрени во форма на банкарски кредит, ќе ја продолжат инвестициската активност. Според нашите очекувања, интересот за учество во Програмата беше на значително ниво, односно се пријавија повеќе од 50 учесници и беа доставени 23 бизнис-планови за проценка и одобрување од соодветната комисија во Банката. На наше големо задоволство, денес ги објавуваме првите 13 бизниси кои добија позитивна евалуација и кои со помош на средствата од кредитната линија ќе продолжат да ги развиваа своите бизниси. Ние ќе продолжиме да бидеме нивната поддршка и во текот на периодот на отплатата на кредитот и се надеваме дека на крајот заедно ќе се гордееме со нивниот развој“, изјави Владимир Кечовски, директор на Дирекцијата за микро и мали клиенти.

Програмата што започна во октомври 2018 година успешно го заврши својот прв циклус на едукација и менторство за младите претприемачи. Следниот јавен повик за пријава на нови учесници во програмата ќе биде објавен во втората половина од годината. Повеќе детали за програмата и за условите за аплицирање за заем се достапни на страницата www.sparkasse.mk.

За Програмата за вработување и социјални иновации

Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ на Европската комисија има за цел да го поддржи стремежот кон висококвалификувана работна сила, соодветна социјална заштита, борбата против социјална маргинализација и подобрување на условите за работа на ЕУ. Гаранцискиот проект на ЕаСи беше отпочнат во јуни 2015 г., финансиран од Европската комисија и управуван од Европскиот инвестициски фонд. 

Програмата обезбедува поддршка за финансиски посредници кои нудат микро-заеми на претприемачи или финансирање социјални проекти. Целта е да се зголеми пристапот кон микро-финансирање за ранливите групи што сакаат да основаат или да развијат сопствен бизнис и микро-компании преку заеми во висина до 25.000 евра. Освен тоа, Европската комисија за првпат ги помага општествените проекти преку инвестиции во висина до 500.000 евра. Микро-финансирањето и поддршката на општественото претприемништво во моментот се имплементира преку гаранција на ЕаСи, која им овозможува на финансиските посредници да им понудат на микро-претприемачите и на социјалните проекти финансиска поддршка, до која инаку не би имале пристап со оглед на процените за ризик. 


Можеби ќе ве интересира

Кампања на брендот Parfois со жени кои со својата приказна се вистинска инспирација за останатите

Кампања на брендот Parfois со жени кои со својата приказна се вистинска инспирација за останатите

Нaправете паметна пресметка и заштедете електрична енергија и пари!

Нaправете паметна пресметка и заштедете електрична енергија и пари!

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира промоција на книгата „Струма“

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира промоција на книгата „Струма“

Иџе: Чест ми е што сум бренд амбасадор на ИутеКредит

Иџе: Чест ми е што сум бренд амбасадор на ИутеКредит

НЛБ Банка воведе нов БИЗНИС долгорочен денарски кредит за правни лица

НЛБ Банка воведе нов БИЗНИС долгорочен денарски кредит за правни лица

Volvo Cars – Freedom to Move во Скопје

Volvo Cars – Freedom to Move во Скопје

Кои улици се без вода за пиење?

Кои улици се без вода за пиење?

Коморски Инвестициски Форум (КИФ) - Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ II дел

Коморски Инвестициски Форум (КИФ) - Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ II дел

Напредок во одржливоста на компанијата Philip Morris International

Напредок во одржливоста на компанијата Philip Morris International