23 Јуни, 2018
0.3779
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

ШПАРКАСЕ БАНКА ГИ ВОВЕДЕ ЕКО-КРЕДИТИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО СОРАБОТКА СО ЕБОР И GEFF

Кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата веќе достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2018

Шпаркасе Банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи за физички лица ги воведе новите ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и GEFF во Македонија. Со новата палета на ЕКО–кредитите, Шпаркасе Банка Македонија ја потврдува својата посветеност на реализација на проекти што имаат за цел заштита на животната средина, унапредување на енергетската ефективност кај домаќинствата, а со тоа и да ги потврди заложбите за општествено одговорно банкарско работење. 

Воедно, Шпаркасе Банка Македонија е првата банка во Р. Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и GEFF, прекукои ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Дополнително, во изминатиот период Банката ја пласираше и кредитната линија од ЕБОР во износ од 3 милиона евра наменети за финансирање на станбеното кредитирање. Кредитите за унапредување на енергетската ефикасност веќе се достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија и со своите поволности им овозможуваат на граѓаните и поврат на инвестициските средства во висина од 15% до 20% од инвестициската вредност на прифатливиот проект.

Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15% грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20% од износот на кредитот. При позитивна одлука, дека наменско одобрените средства се соодветно искористени, Шпаркасе Банка Македонија ќе изврши поврат на вложените средства до максимално дефинираниот износ на грантот на трансакциска сметка на клиентот.

„Се надеваме дека со новата понуда на ЕКО-кредитите ќе ги стимулираме граѓаните да започнат проекти за подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови, со искористување на поволностите што им ги овозможува оваа кредитна линија од ЕБОР, со крајна цел за заштита на животната средина и поттик на инвестициите во енергетски ефикасни проекти и производи“, изјави Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Заинтересираните клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, физички лица, ќе можат да аплицираат за најновите ЕКО-кредити во експозитурите на Банката по следните услови:

  Намена на кредитот: финансирање енергетско ефикасни производи во домаќинствата

  Износ: до 50.000 ЕУР;

  Рок на отплата: до 20 години;

  Каматна стапка: почнувајќи од 5,70% фиксна за првите 3 години, а потоа променлива почнувајќи од 5,90%.

За повеќе информации за технологиите што се прифатливи, посетете го Селекторот на технологии http://technology-mk.ebrdgeff.com/каде што можете да ги пронајдете и сите неопходни информации за чекорите што треба да ги преземе клиентот во понатамошната постапка.

Повеќе информации за поволностите на ЕКО-кредитите се достапни на веб-страницата на Банката на следниот линк, како и во сите експозитури низ државата.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Македонија и до денес има инвестирано повеќе од 1,6 милијарди евра во над 100 проекти во земјата. Целта на ЕБОР е преку програмата GEFF да создаде пазари за самостојно одржување на побарувачката за инвестиции во технологии со високи перформанси, со цел подигнување на свеста за модерните стандарди за енергетски перформанси.

Green Economy Financing Facility (GEFF) е програма развиена од ЕБОР и поддржана со извор на грантови од Европската Унија, со цел да се финансираат иницијативи и проекти на кредитокорисници што ги исполнуваат соодветните услови и од други донатори, какви што се австриското Министерство за финансии и Western Balkan Investment Framework.

Можеби ќе ве интересира

5 чекори кои секој маж треба да ги направи пред стартот на летото

5 чекори кои секој маж треба да ги направи пред стартот на летото

Здравата храна на Виталиа чекор до вас на плажа

Здравата храна на Виталиа чекор до вас на плажа

Отворен ден: Стани „Сите сити“ волонтер

Отворен ден: Стани „Сите сити“ волонтер

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Првиот ден од Skopje Street Music Festival ги оправда очекувањата

Првиот ден од Skopje Street Music Festival ги оправда очекувањата

Саниран дефектот на Виктор Иго

Саниран дефектот на Виктор Иго

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ja промовираше Анализата за е-трговијата во

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ja промовираше Анализата за е-трговијата во

Eве каде е нормализирано водоснабдувањето

Eве каде е нормализирано водоснабдувањето

Новата регионална телевизија, Канал Визија, внесува јасен фокус во информирањето на граѓаните

Новата регионална телевизија, Канал Визија, внесува јасен фокус во информирањето на граѓаните