20 Февруари, 2019
0.3028
    ALK 8426.71    0.33%     CEVI 900    0%     GRNT 820.28    0.05%     KMB 5540.25    0.52%     MPT 51499.79    0.24%     MTUR 5100    -0.21%     OHB 6800.4    1.21%     REPL 75000    0%     RMDEN16 98.2    0%     RZUS 108    2.86%     SBT 2618.86    8.55%     STB 1254.88    0.18%     TEL 315    0.16%     TNB 15500    0.03%     TTK 1379.91    -0.01%     UNI 2285.84    2.07%

„Шпаркасе Банка“, прва банка во Република Македонија што финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2018

„Шпаркасе Банка Македонија“ ја претставува првата програма „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Македонија, по потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ. На старт-ап бизнисите ќе им бидат ставени на располагање околу 1,5 милиони евра во фондови гарантирани со Програмата вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, финансирана од Европската Унија.


„Шпаркасе Банка“ ќе го поддржи развојот на младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, кои имаат потреба од парични средства за понатамошен развој. „Чекор по чекор“ е првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износ до 25.000 евра и понуда на разновидни пакети на образовна, финансиска и менторска поддршка.


Осврнувајќи се на трансакцијата, Мериен Тисен, комесар за вработување, социјални прашања, вештини и мобилност на работна сила, изјави: „Младите претприемачи честопати се соочуваат со тешкотии во пристапот до кредити од традиционални банкарски извори. Со помош на финансиските гаранции на Програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ, ’Шпаркасе’ на старт-ап бизнисите ќе им понуди заеми по намалени каматни стапки и помалку придружни барања. Ова е конкретен пример за тоа како Европската комисија го поддржува вработувањето и социјалната вклученост“.

Извршниот директор на Европскиот инвестициски фонд Пјер Луиџи Гилберт изјави: „Задоволство ми е да видам како ЕИФ тесно соработува со ‘Шпаркасе’, со цел да ја прошири својата дејност во рамките на ЕаСи. ЕИФ е посветена на поддршката на ранливите социјални групи, кои се соочуваат со економска и социјална маргинализација. Убеден сум дека поддршката на ЕУ ќе ѝ помогне на ‘Шпаркасе’ да допре до претприемачите од микро–бизнисите, чиј профил на ризик инаку би ги спречил да стасаат до традиционално банкарско финансирање“.

Глигор Бишев, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“, изјави: „Во рамките на одбeлeжувањето на десетгодишното присуство на Шпаркасе Банка во Македонија, одлучивме да понудиме кредитна поддршка за динамичните и иновативни мали бизниси. На тој начин сакаме да обезбедиме пристап до финансиски средства на младата генерација претприемачи, кои во иднина ќе ја движат македонската економија. Кредитните средства се обезбедени од Европската комисија, преку програмата на Европската Унија за вработување и иновации, која ќе преземе дел од ризикот за овие кредити. Оваа програма, покрај кредитирање, на претприемачите им нуди и бесплатна обука, совети и менторства за отпочнување и водење бизнис“.

„Шпаркасе Банка Македонија“ ќе ја имплементира програмата „Чекор по чекор“ во соработка со Social Impact Lab и Start Up Академијата преку имплементација на 8 различни образовни модули, кои ќе им овозможат на старт-ап бизнисите да разработат бизнис-план и со помош на финансиските средства да ја продолжат инвестициската активност или да го обезбедат потребниот фиксен работен капитал. Програмата е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од парична и образовна помош, се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој и вработуваат еден или помалку од 10 вработени. Повеќе детали за програмата и условите за аплицирање за заем се достапни на страницата www.sparkasse.mk.

За Програмата за вработување и социјални иновации

Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ на Европската комисија има за цел да го поддржи стремежот кон висококвалификувана работна сила, соодветна социјална заштита, борбата против социјална маргинализација и подобрување на условите за работа на ЕУ. Гаранцискиот проект на ЕаСи беше отпочнат во јуни 2015 г., финансиран од Европската комисија и управуван од Европскиот инвестициски фонд.

Програмата обезбедува поддршка за финансиски посредници кои нудат микро-заеми на претприемачи или финансирање социјални проекти. Целта е да се зголеми пристапот кон микрофинансирање за ранливите групи што сакаат да основаат или да развијат сопствен бизнис и микро-компании преку заеми во висина до 25.000 евра. Освен тоа, Европската комисија за првпат ги помага општествените проекти преку инвестиции во висина до 500.000 евра. Микрофинансирањето и поддршката на општественото претприемништво во моментот се имплементира преку гаранција на ЕаСи, која им овозможува на финансиските посредници да им понудат на микро-претприемачите и на социјалните проекти финансиска поддршка, до која инаку не би имале пристап со оглед на процените за ризик.

За ЕИФ

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската инвестициска банка. Основната мисија ѝ е поддршката на микро, мали и средни претпријатија во Европа преку помош во пристапот до финансирање. ЕИФ осмислува и разработува инструменти за капитал, гаранции и микрофинансирање за основање и раст и развој, кои го таргетираат конкретниот пазарен сегмент. Во таа функција, ЕИФ ги поттикнува напорите на ЕУ за поддршка на иновации, истражувања и развој, претприемништво, раст и вработување.

Повеќе информации за поддршката на ЕУ на микрофинансирањето и социјалното претприемништво се достапни на:

Програма ЕаСи

Поддршка на социјалното претприемништво на ЕУ

За “Шпаркасе“

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје“ е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Бимилк донираше за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“

Бимилк донираше за Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“

Заев и Димитров сепак нема да се гонат за велепредавство

Заев и Димитров сепак нема да се гонат за велепредавство

Без изговори, без оправдувања! Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!

Без изговори, без оправдувања! Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!

ВИДЕО: Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

ВИДЕО: Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

Општествено одговорен HR проект за студенти организиран од страна на Сенсум Тренинг и Коучинг во партнерска соработка со HR World

Општествено одговорен HR проект за студенти организиран од страна на Сенсум Тренинг и Коучинг во партнерска соработка со HR World

Млекара Маестро дел од големиот саем „Продекспо 2019“

Млекара Маестро дел од големиот саем „Продекспо 2019“

Еве каде утре ќе има прекин

Еве каде утре ќе има прекин

Покривот на ГТЦ ќе зазелени

Покривот на ГТЦ ќе зазелени

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство