„Шпигел“ за посетата во Атина: Ципрас дојде на власт, критикувајќи ја Меркел, а сега таа го поддржува
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2019
Германски „Шпигел“ ја искритикува посетата на канцеларката Ангела Меркел во Атина и средбата со грчкиот премиер Алескси Ципрас. На состанокот Меркел го нарече Преспанскиот договр „историски“ и му даде поддршка на грчкиот колега пред ратификувањето на спогодбата со Македонија во грчкиот парламент
Коментирајќи ги нивните односи под наслов "Зошто сега Меркел му се допаѓа Ципра".весникот истакна дека "Алексис Ципрас дојде на власт со критики против Ангела Меркел пред неколку години кога грчката финансиска и должничка криза беше во пикот“. Во тоа време Германија беше таа која наложуваше спроведување на рестриктивни мерки во Грција.
„Сега премиерот кој владее нестабилно со минимално мнозинство во парламентот негува големи надежи во посетата на канцеларката“, пишува „Шпигел“.
Всушност, весникот тврди дека "Ципрас го одложип претстојното гласање во грчкиот парламент за барањето на исплатата на германските надоместоци за нацистичките воени злосторства за да не ги влоши односите помеѓу Атина и Берлин“.
Сето ова покажува неверојатни промени што се случија во односите меѓу Меркел и Ципрас од последната посета на канцеларката на Грција во 2014 година.