14 Ноември, 2019
0.0224

Штаермеркише Банка и официјално стана сопственик на Охридска банка

Објавено во: Финансии 04 Ноември, 2019

По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, денес беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје. 

Имено, Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, се стекна со 472.839 акции и 91,5733 отсто од гласачките права. 

Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции. 

Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата. 

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година. 

Можеби ќе ве интересира

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Која домашна банка ќе му даде кредит на буџетот идната година

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Германските фирми ја фалат Владата што го замрзна прогресивниот данок

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Први критики од бизнисот за буџетот, Арсовска прашува - на што базира проекцијата за раст

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

Буџетот идната година ќе тежи 3,9 милијарди евра

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

ФИНАНСИИ СЕ ПРАВДА - од прогресивниот данок се собраа за 51,2 отсто пониски приходи од потенцијалот

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

МОЌЕН БАНКАРСКИ БРЕНД НА ПАЗАРОТ - Шпаркасе ја купи Охридска банка

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен

Каевски: Парите за спортските објекти се намалени поради Охридскиот базен