19 Април, 2024
0.0281

ШТЕДАЧИТЕ СО СИЛНИ НАПАДИ: Не ограбија Костовски и Петковски, а гувернерката не лажеше

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка со нова реакција до јавноста, каде велат дека знаат кој ги ограбил, но се прашуваат зошто тоа со години го дозволувала гувернерката Анита Бежоска-Ангеловска.

Еве го соопштениетпо кое штедачите го испратија до медиумите.

Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката. Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат. Но, недоволно јасно е зошто гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која е законски надлежна и обврзана да ги штити депозитите на граѓаните и фирмите во банките, ги оставила да крадат и дозволила да сега бидеме целосно ограбени. Уште повеќе, кои се мотивите на гувернерката Бежоска да јавно не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни и тогаш кога веќе знаела и донела одлука дека за кусо време ќе ја затвори банката?

Гувернерката Бежоска тврди дека изрекла поголем број мерки кон раководството на Еуростандард банка. И толку. Нејзината работа завршила. Свесно, ги оставила да крадат. Со секоја изречена мерка се толерирал претходниот грабеж преку делени неповратни кредити и перење пари, за да и понатаму продолжи. 60 МИЛИОНИ ЕВРА не се крадат преку ноќ. Грабежот траел со години. Што правела гувернерката Бежоска!? Гледала и ја аминувала кражбата, дозволила да се случи и да прерасне во масовна операција без контрола и ограничување.

Зошто гувернерката Бежоска не ги спречила и не ги одземала лиценците на оние кои ги краделе депозитите во банката, добро познати во јавноста? Зошто гувернерката Бежоска не вовела административна управа уште пред неколку години кога нашите депозити можеле да се спасат и состојбата да се санира? Ниту ги одземала лиценците ниту вовела административна управа, туку оставила да банката се опустоши до каде се можело, за да на крајот директно ја затвори. Неизвршување на својата службена должност е злоупотреба и кривично дело казниво со закон.

Не беше доволно што не го спречила криминалот на време, туку продолжи јавно и да не лаже со своите изјави и уверувања дека нашите депозити се безбедни и сигурни. Тоа гувернерката Бежоска го направи свесно само на неполн месец пред да ја донесе одлуката за затворање на Еуростандард банка. Не донесе во заблуда со лажно прикажување и со прикривање на факти. Не измами. Тоа е уште едно кривично дело.

Секој еден ден останување на гувернерката Бежоска да ја раководи Народна банка е пропаст, голема загуба и ризик за сите останати наши сограѓани кои имаат депозити во банки. Личност со проблематичен професионален и морален кредибилитет, некој кој лаже и мами не може и не смее да биде гувернер на Народна банка. Гувернерката Бежоска е интегрален дел од органиизраниот криминал спроведуван заедно со лицата на раководни позиции во Еуростандард банка. Мотивите за да тоа го прави и се добро познати, а исходот од таа операција го знаеме денес. Не соголија. Ни ја уништија сегашноста и иднината. Нашите семејства страадат. Тоа директно го чувствуваме на наша кожа. Здравјето ни се наруши. Не оставија без нашиот личен имот во сред пандемија. Системот на организиран криминал не однесе во пропаст и немаме што повеќе да изгубиме.

Гувернерката Бежоска треба да знае дека состојбата врие во редовите на оштетените. Се разбира, тоа се однесува и на првотимците кои го спроведоа овој масовен грабеж во пропаднатата банка предводени од Трифун Костовски. Кражба, игнорирање и толерирање на организиран криминал нема да помине. Агонијата мора да престане. Сега или малку подоцна, одговорност мора да има и парите мора да ни се вратат. Уверени сме дека сепак гувернерката Бежоска и првотимците од ограбената банка не сакаат да гледаат како нашите семејства страдаат и веќе забрзано работат да ни ги вратат парите во целост. Тоа е за доброто на сите нас и нашите семејства.

Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации