19 Април, 2024
0.2519

ШТЕДЕЊЕ Историски пик: штедни влогови над 5 милијарди евра !

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

На истекот од 2016 година, вкупната депозитна база за прв пат надмина 5 милијарди евра, достигнувајќи  досега највисоко ниво. Според новите објавени податоци, во единаесеттиот месец од 2016 година, пораст има и кај шедењето во денари и кај депозитите во девизи. Така, вкупната денрска депзитна база изнесува 2,9 милијарди евра додека вредноста на штедењето во странска валута 2,1 милијарда евра.

Кон крајот на годината, во банките  бил регистриран пораст на штедењето во девизи од страна на населението.  

“Годишната стапка на раст на вкупните депозити во октомври изнесува 3,8% и е над проектираниот раст од 2,6% за последниот квартал на 2016 година, согласно со октомвриската проекција. Од валутен аспект, во годишниот раст на депозитите во октомври, релативно поголем е придонесот на растот на девизните во однос на растот на денарските депозити“ – велат од Народната банка од каде посочуваат дека сепак  денарските депозити и натаму доминираат во депозитната база на банките.

Според НБМ, вкупните депозити на домаќинствата продолжиле да бележат раст и во текот на октомври во споредба со претходниот месец. Од валутен аспект, зголемувањето на депозитите на домаќинствата примарно е резултат на растот на девизните депозити, при умерено зголемување и на денарските депозити.

Она што е регистрирано како позитивен тренд е растот на депозитите на корпоративниот сектор, односно на фирмите во октомври.

“Растот на вкупните депозити во октомври речиси подеднакво произлегува од депозитите на корпоративниот сектор и на домаќинствата“, неведуваат од Народната банка.

Заклучно со ноември,  грѓаните во банките, како депозити чувале 3,4 милијарди евра, додека депозитите на корпоративниот сектор изнесувале 1,2 милијарди евра.

Во ноемеври, во споредба со јануари 2016 година, вкупната депозитина база е зголемена за 160 милиони евра,

Каматните стапки на денарските и девизните депозити на домаќинствата забележаа незначителни промени.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин