28 Март, 2024
0.0258

Штериев: Берзата и официјално ќе покрене иницијатива за Совет за развој на пазарот на капитал

Објавено во: Економија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Иван Штериев, првиот човек на Македонската берза на 18-та конференција која се одржува во Охрид истакна дека посериозно ќе се покрене иницијатива за креирање на Совет за развој на пазарот на капитал во Македонија.

- Во оваа прилика уште еднаш сакаме јавно да ја промовираме нашата стара заложба за системско стимулирање и подршка на пазарот на капитал во Република Македонија. Постои широк спектар на алтернативи што им стојат на располагање на носителите на економските и другите политики за поттикнување, унапредување и поефикасно функционирање на пазарот. Развојните алтернативи се поврзани со повеќе области од кои зависи функционирањето на пазарот на хартии од вредност (законодавство и регулација, пензискиот систем, фискалната политика, приватизацијата и деловните планови на државните и јавните претрпијатија, диверсификацијата на понудата на финансиски инструменти, политиката за равој на мали и средни претпријатија, корпоративното управување, финансиската едукација итн.). Во овој контекст, Берзата и официјално ќе покрене иницијатива за формирање на т.н. Совет за развој на пазарот на капитал, во којшто би членувале соодветни институции и организации, според примерот на некои други земји, како на пример Австрија, Унгарија и Бугарија. Сметаме дека вакво тело уште повеќе станува неопходно, со оглед на тоа што пред нас се предизвиците на донесување и имплементација на новите закони во областа на пазарот на капитал, позиционирање визави ЕУ проектот Capital Market Union, којшто концептуално се проширува и на државите од нашиот субрегион, како и завршувањето на мерката задолжителна котација во 2018 година, посочи Штериев во Охрид.

Берзата суштински не може да влијае на многу процеси чии исходи се рефлектираат на неа. Тргнувајќи од оваа аксиома ги формулираме приоритетите во коишто ги вложуваме нашите лимитирани кадровски и финансиски ресурси – а тоа се, како што објаснивме, максимална посветеност и упорна работа во доменот на регионализацијата (СЕЕ Линк) и конкретен придонес во функција на креирање стратешки пристап во дизајнирање на системски политики за развој на пазарот на капитал (формирање на споменатиот Совет за развој на пазарот, колку и да во моментот постојат други институционални приоритети на државно ниво). Истовремено, на оперативно ниво Берзата и понатаму ќе се фокусира на обезбедување квалитетни и современи услуги за сите пазарни учесници (издавачи, инвеститори и финансиски посредници), со акцент на максимална можна употреба на нови технологии во работењето. Во тие рамки, особено сме подготвени да им асистираме на издавачите што ќе одлучат својот развој да го финансираат преку пазарот на капитал, проширувајќи ја лепезата на овие свои услуги (едукациски и консултантски) среднорочно и кон малите акционерски друштва, односно компании кои не функционираат како акционерски друштва, вклучително и т.н. стартапи. Токму на оваа проблематика е посветен добар дел од овогодишната берзанска конференција. Токму поради ова, изработката на новата верзија на нашата десктоп и мобилна веб страна деновиве ја доделивме на една стартап компанија од Скопје, посочи Иван Штериев предводникот на Македонска берза.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат