24 Април, 2024
0.0285

ШТИПСКАТА КОНФЕКЦИЈА ПОД КЛУЧ: 6-мина работници заразени, има и други со симптоми

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Штипската конфекција „Ти Стајл“ каде до сега се регистрирани шест вработени позитивни на крона вирусот во наредните седум дена ги затвора погоните. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, за Фактор потврди дека тоа е на иницијатива на сопственикот на фабриката „Ти Стајл“.

-Контактирав со инспекторатите надлежни за актуелната ситуација со корона вирусот, и тие ме информираа дека по направениот инспекциски увид во текстилната фабрика е востановено дека се запазени сите процедури во делот на заштитна на вработените од ковид -19. Имено, сите носеле маски и биле употребувани средства за дезинфекција. Разговарав и со сопственикот на компанијата за итните мерки кои треба дабидат преземени во наредниот период. Истовремено бев информиран дека компанијата ќе биде затворена во наредните 7 дена. Тоа е на нивна инцијатива се додека се тестираат и останатите вработени и додека не се направи посериозна анализа. Според информациите, 6 се потврдени случаи со корона вирусот, а има и вработени со симптоми. Земени се брисеви за корона тестови и ги очекуваме резултатите. Во оваа компанија има повеќе од 100 вработени, вели градоначалникот Бочварски за Фактор.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот