Што бара Франција од Западен Балкан?
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019
Франција сака да го реформира процесот на преговарање и тој да биде изведен на кредибилен начин.
Францускиот државен секретар за европски прашања Амели Де Моншалан, изјави дека европската перспектива на Западен Балкан е оправдана, но вели дека е потребен реформиран процес на преговарање. Таа рече дека во Луксембург не е дојдена со позиција да брани вето. Додаде дека треба да се разгледа процесот на преговарање, кој се гледа дека е бавен и фрустрирачки за земјите кандидатки.
Премиерот Заев патува за Брисел во последен обид да лобира за датумот. Ќе ги искористи сите средби со премиерите за да ги убеди во носењето на одлуката.