29 Септември, 2024
0.0388

ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД КАЈ ДЕЦАТА И РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ ГРИПОТ И КОРОНА ВИРУСОТ: Д-р Андоновски за Фактор

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Што може да се очекува од пандемијата на корона вирусот кај најмладата популација, дали децата треба да се вакцинираат или не, како и тоа кои се основните разлики меѓу симптомите на грип и ковид кај децата, Фактор разговараше до д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, кој смета дека период што следува ќе има појава и на грипот, респираторните вируси, настинки и ќе треба да правиме правилна дијагностика и правилна дистинкиција за да знаеме со што ќе се справуваме.

-Не само како лекар-педијатар, туку и како родител знам дека најголемата грижа, страв, радост, а и смислата на нашиот живот се децата. Информациите што пристигаат постојано од страна на СЗО и сите релевантни светски институции, пандемијата на Ковид-19 постојано поприма нови правци т.е вирусот мутира, а неговата способнос да се прилагодува може да резултира со намалување на неговата сила и да се манифестира како една бенигна вирусна инфекција. Видовме доста анализи кои укажуваат дека на еден начин не може да се предвидат тековите на овој вирус а ни начинот на негово искоренување и покрај сите превземани мерки, постојана имунизација  и ред други протоколи вирусот е незапирлив. Веќе сите статистики се недискутабилни и се смета дека големиот број на прележани ќе биде идната реалност во врска со овој вирус. Секако дека вирусот веќе и со новиот презентиран сој Омикрон, неговата сила е намалена, можеби треба да се каже ќе е повеќе контагиозен, но со слаба клиничка слика и моќ, тоа го покажуваат досегашните сознанија со кои имаме постојан контакт и будно се следат.  Периодот кој следува ќе биде период на појава и на грипот, респираторните вируси , настинките и ќе треба да правиме правилна дијагностика и правилна дистинкиција за да знаеме со што ќе се справуваме. Овие заболувања, конкретно грипот има доста сличности со Ковид-19, но сепак некој разлики ги одделуваат еден од друг, а тие се клучни за да знаеме за што станува збор, вели Андоновски.

Појаснува дека кај грипот има појава на главоболка, појава на силна болка во мускулите , треска , затнат нос и обилно течење на носот и болка во грлото, додека кај Ковид 19 карактеристична е сувата кашлица која доаѓа во епизоди и тоа подолги епизоди дури и 3 пати во текот на 24 часа.

-Кај короната, станува збор за температура која не надминува 37,4- 37,8, а и секако еден од најкарактеристичните симптоми е губењето на мирисот и вкусот. Задолжително е потребно тестирање поготово доколку детето има позитивна епидемиолошка анкета, т.е контакт со некој заразен од својата средина. Тестирањето може да се направи и со брзи антигенски Ковид тестови а се разбира дека златно правило и 100% точност е ПЦР тестирање кое сега може секаде да се направи. Секако дека само ќе напоменам иако хоспитализацијата кај децата е на минорно ниво, треба да се обрне внимание да не дојде до тотална дехидрираност кај едно дете со Ковид инфекција туку напротив да се реагира во нај брз можен рок. Исто така и отежнатото дишење да биде аларм за да се отиде во болнична институција каде треба да се пружи прва помош при таков вид на атака, нормално дека децата оваа инфекција ја поминуваат многу лесно во споредба со адултните т.е возрасните пациенти. До сега во РСМ статистиката на фатален исход кај децата е незабележлив т.е е во промили, не е во проценти. Доста се говореше за последиците од Ковид кај децата , можам да кажам дека реално постојат но не се со таков замав како што беше презентирано од страна на некој лекари, сепак потреба од паника не треба да има а и не треба да се создава паника во такви размери во кои тиа сакаа да ги наметнат. Треба постојано да се работи на имунитетот на децата, да си имаат физичка активност, потребна суплементација и здрава исхрана, децата не треба да ги изолираме туку напротив нивниот организам е здрав и склон кон учење како да го создаде својот одбрамбен механизам. Голема внимателност е потребна кај децата кои се со одредени коморбидитети, дијабетес, кардиоваскулатни проблеми, имуносупресивни, онколошки и системски заболувања, кај овие деца потребна е огромна внимателност токму заради нивната фрагилност и неотпорност, нагласува д-р Андоновски.

Во однос на вакцинацијата против Ковид-19 кај најмладата популација, д-р Андоновски смета дека и покрај тоа што голем дел од земјите во светот веќе спроведуваат имунизација, исто така владите во голем број земји не сакаат воопшто да дискутираат за ова прашање. Според д-р Андоновски, вакцинацијата првенствено треба да биде спроведена кај ранливите категории.

-Да не беа вакцините ќе имаше сеуште многу болести кои немаше да бидат искоренети и ќе сееа смрт. Тој заклучок го имам научено и кажано во моментот кога станав лекар и ја дадов Хипократовата заклетва дека ќе помагам на болните. Сведоци сме дека вакцина за Ковид 19 започна да се аплицира кај деца од 5 годишна возраст во големите држави , но за одбележување е и фактот дека и во други големи светски држави не се ни дискутира за имунизација на децата. Фактот дека децата се вектор на пренесување,како и фактот дека и вакцинираните се разболуваат, ни донесе одредени контраверзии во целокупната научна јавност, а и создаде недоумица кај народите. Сеуште се очекуваат пишани докази потврдени од тоа што означува и што носи вакцинацијата кај децата. Според мене мој личен став е дека треба да сме претпазливи кога станува збор за аплицирање на оваа вакцина кај децата. Да, за вакцинација за сите ранливи категории и групи на деца, ги набројав: тоа се деца со многу коморбидитети, и тоа се препорачува за да текот на болеста биде поблага. Веќе се докажува дека кај имунизираните возрасни лица, навистина силата на вирусот е намалена, значи кај оние кои се вакцинирани, а сепак се заразиле. Треба и тотална анализа на фактори кои можат да предизвикаат и алергиски реакции и уште многу многу дискусии кои треба да бидат спроведени во периодот што следува, секој регион се разликува и ние треба да се прилагодиме и да ги адаптираме на нашите услови, вели д-р Андоновски.

Во текот на годинава што само што почна, д-р Андоновски во однос со пандемијата на Ковид-19, конкретно кај нас во Македонија не очекува големи негативни и дека вирусот конечно ќе стане една вообичаеност, без големи ризици од смрт и хоспитализации.

-Посакувам свет без болести. Иако е утопија сепак верувам дека модернизацијата на општествата и напредокот на науката, техниката и медицината ќе донесат доста новитети и подобрувања за да се справуваме подобро со сите претстојни опасности за здравјето на целокупната популација. Светската јавност веќе работи на многу проекти , некој и веќе се промовирани како и  лекот против Ковид во вид на капсули , а и други лекарства како моноклонални антитела, јас сметам дека оваа година веќе нема да имаме толкави дискусиии на оваа тема и дека оваа болест ќе е вообичаеност. Верувам дека кај нас нема да има толкави тектонски проблеми во здравствениот систем , толку голема смртност, неорганизираност,  очекувам дека ќе има напредок со носење на законот за здравствена заштита кој остана во ветер, кој требаше да спречи толку многу недостатоци, да спречи заминување на медицинскиот кадар , да донесе реформа и сатисфакција но сепак очигледно дека сето тоа е поради немање знаење, а и способност да се реализира , новите ветрови нека ги донесат убавите моменти, а сето тоа што ни се случи да е едно минато за кое би кажале никогаш да не се врати. Исто така посакувам да нема и толку квази медицински плакети и награди измислени од квази менаџери кои се бореа за свои интереси, а не за заедничките интереси и за здравјето на пациентите и ред други работи кои кај нас беа девијантна појава во здравствениот систем. Сакам сето тоа да е минато, а иднината да донесе убави и важни промени за да се погоре спомнатото биде правилно реализирано и да не биде толку срамно и смешно како што беше досега. Секако дека имаме луѓе професионалци кои би го спровеле сето оваа. На нашите граѓани им посакувам многу здравје, чувајте ги децата тие  се нашата иднина, вели д-р Андоновски.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала