Што да правите ако газдата ви го бара назад регресот од К15
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2019
АКО ГАЗДАТА ВИ ГО БАРА НАЗАД К15 - пријавете во МВР, советува Трудовиот инспекторат.
До крајот на годинава, работодавците имаат обврска да исплатат регрес а дали сите компании ќе го сторат тоа, или некои ќе се обидат да го избегнат, често и преку исплата на регресот за годишен одмор, а потоа барање работниците да ги вратат назад парите, задолжен е да проверува Државниот пазарен инспекторат.
Како се наближува крајот на годината претставките од вработените се се почести, иако се очекува дека „пикот“, односно најголемиот број дојави на адреса на инспекторатот ќе стигнат на почетокот на идната година, од оние вработени кои не го добиле регресот.
Досега К15 земаат само вработените во приватните компании. Неодамна надеж добија и вработените од јавниот сектор, дека од идната година може и тие да „се омрсат“ со регресот, по потпишување на новиот колективен договор.