19 Април, 2024
0.0347

Што ги прави Македонците најнесреќни луѓе во регионот?

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

На листата на најсреќни земји на светот, Финска го зазема првото место, додека Македонија се најде на 84 место.

Листата на најсреќните земји се прави на основа на тоа колку се задоволни граѓаните на една земја, а го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или. Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата Ворлд Хепинес Репорт.

„Среќата во суштина е поврзана со повеќе аспекти од животот. На чувството на среќа влијаат надворешни фактори како: работните услови, висината на приходите, како и социјалната сфера. Односно, колку е личноста позадоволна од работните услови, висината на приходите и е социјално вклучена во општеството се очекува да е посреќна.  На тоа би го додала семејството како фактор. Најчесто семејството го спомнуваат како важен фактор за среќа. Вклученоста во семејството, поддршката и емотивната размена во семејството влијае на тоа колку личноста е среќна. Од внатрешни фактори би спомнала дека нивото на стрес е обратно пропорционално со доживувањето на среќа. Колку повеќе стрес има личноста, а воедно помалку соодветни механизми за намалување на нивото на стрес толку поголемо незадоволство. Физичката активност и здравиот сон истотака се важен фактор за задоволство и среќа кои се поврзани со хомеостазата“, вели Надица Скепароска-Петковска, м-р на науки од областа на клиничка психологија, основач на Мозаик Советувалиште, Скопје. 

Најсреќни балканци се Словенците позиционирани на 44. место, потоа следува Србија на 70. Црна Гора е на 73. Хрватска на 75 место, а од Македонците посреќни се дури и жителите на Босна и Херцеговина која на оваа листа се наоѓа на 78 место.

Зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.

Унгарија се наоѓа на 62. Грција на 82, додека меѓу среќни земји се сметаат и Нов Зеланд 8. Канада 9. Австрија 10 Австралија 11 и Луксембург на 14. место.

Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15, 16 и 17 место, Русија на 68., а САД на 19 место.

Најлошо рангирани се Централната Африканска Република на 155, Авганистан на 154. Руанда на 152. и Јемен на 151 место.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо