21 Септември, 2020
0.0448

ШТО ГИ СПОЈУВА, А ШТО ГИ ДЕЛИ - ќе се договорат ли старите партнери

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Прво се сретнаа Зоран Заев и Али Ахмети, а потоа помладите партиски луѓе кои уживаат голема доверба кај лидерите, Љупчо Николовски и Артан Груби.  

Потоа соопштија дека СДСМ и ДУИ се договориле за приоритетите на евентуалната идна Влада. Заедничка фотографија и заедничко соопштение за јавноста произлегоа од оваа средба. 

Она што без голема помпа го кажаа партиите е дека разговараат за коалиција со полн четиригодишен и стабилен мандат. 

„Разговаравме за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат. Потврдивме дека немаме друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија. Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија. Целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротиставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ. Согласни сме дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор“, се наведува, меѓу другото во соопштението на СДСМ и ДУИ.

Извор од СДСМ вчера вечерта за „360 степени“ изјавил дека писмениот став испратен по средбата Николовски-Груби не значи и дека е постигнат конечен договор за формирање влада.

Во соопштението, пак, не се споменува што ќе се прави со едно од најизвиканите предизборни барања на ДУИ, Албанец за премиер. А, тоа би значело дека нема решение за ова прашање. 

Но, дали насоката треба да се бара во објавата на ИНА, Агенција на албански јазик во земјава. Според неа, ДУИ би можела да се повлече од барањето за Албанец-премиер, ако СДСМ предложи друг мандатар наместо партискиот лидер Зоран Заев. Агенцијата вели дека ова прашање е на преговарачката маса, но прашање е колку Заев би се откажал од мандатот како победник на изборите. 

„Ова е еден од претставените предлози, бидејќи целта е да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период, како што бара меѓународната заедница“, објави агенцијата повикувајќи се на партиски извори. 

Или, пак, сето ова е испитување на пулсот и заземање на што подобри преговарачки позиции спроти финалните разговори. Извори од СДСМ за Фактор велат дека иако оваа опција била ставена на преговарачка маса, па дури и било споменато конкретно име од СДСМ за можен премиер, сепак, Зоран Заев ќе ја предводи идната влада.

Од друга страна пак, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во синоќешниот настап на Канал 5 рече дека нивната коалиција би влегла во преговори со СДСМ доколку ДУИ не успее да се договори. 

И, иако изгледа дека им време, роковите се ситнат. Шефот на државата Стево Пендаровски најдоцна в четврток идната недела да го додели мандатот за формирање на новата влада.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи

Нападнат доктор на Токсикологија, побарал помош на Ургентен

Нападнат доктор на Токсикологија, побарал помош на Ургентен

Струмичкиот градоначалник најави поефикасни контроли на местата каде што се собираат млади

Струмичкиот градоначалник најави поефикасни контроли на местата каде што се собираат млади