20 Април, 2024
0.0266

Што и го „качи шеќерот“ на скопска „Европа“?

Објавено во: Економија 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Кратење на производните трошоци, касапење на финансиските расходи паралелно со зголемените приходи од продажба и растечки финансиски приходи дадоа резултат- „Европа“ со новиот менаџмент по една година има профит од 1,1 милиони евра и тој книжи раст од феноменални 730 отсто!

Скопската кондиторска индустрија „Европа“ го има еден од најдобрите полугодишни извештаи во последниве неколку години. За првите шест месеци годинава оваа компанија оствари профит од 1,1 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа компанија.  „Европа“ успеa со раст на приходите од продажба од 16 милиони денари да оствари раст на профитот од 56 милиони евра. Како ? Со редукција на трошоците и со раст на финаниските приходи.

Каква е крвната слика?

„Европа“ до крајот на јуни има приходи од продажба кои достигнуваат речиси 5,8 милиони евра што е за 5 отсто подобро од лани односно за 260.000 евра. Значен раст имаат приходите од домашен пазар кои достигнале 2,8 милиони евра и пораснале за 19 отсто. Извозот носи околу 3 милиони евра и книжи пад од подносливи 5 отсто во споредба со лани. 

За подобрената крвна слика многу е значаен падот на оперативните расходи на компанијата. Тие се за околу 360.000 евра пониски од истиот период лани и изнесуваат 4,75 милиони евра. Најзначен пад има кај најголемата ставка – трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 2,6 милиони евра и се за 600.000 евра пониски од истиот период лани. Единствено раст бележат останатите расходи на компанијата и тие изнесуваат 320.000 евра што е за речиси 9 пати повеќе од истиот период лани.

По удирањето на цртката излегува дека оперативната добивка е значајно над еден милион евра односно поточно 64,4 милиони денари и тоа е 3 пати повеќе од истиот период лани.

Значајна стимулација има и кај финансиските приходи и финансиските расходи. Имено приходите од финансирање се за 150.000 евра повисоки од истиот период лани и тие изнесуваат над 200.000 евра. Паралелно со тоа менаџментот на  компанијата ги скратил значајно финансиските расходи до ниво од 32.400 евра што е за 240.000 евра помалку од истиот период лани односно за 88 отсто помалку.

На крај епилогот е логичен. Нето добивката на „Европа“ е 1,1 милиони евра за половина година и таа е за 850.000 евра повисока од истиот период лани. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите