19 Април, 2024
0.0340

ШТО И КАЖА ЗАЕВ НА НОВАТА ГЕРМАНСКА АМБАСАДОРКА - се зборувало и за новата влада

Објавено во: Македонија 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн, соопшти партијата.

На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во државата, состојбата со коронавирусот, како и за евроинтегративниот процес и односите меѓу двете држави.

Посакувајќи и добредојде на германската амбасадорка, претседателот Заев истакна дека Северна Македонија нема поголем пријател и посилен поддржувач на евроатлантскиот пат од Германија.

„Навистина сме благодарни на поддршката што сите овие години ја добиваме од Германија, не само од канцеларката Ангела Меркел, туку и од министри за надворешни работи, од членови на Бунедстагот, од германски европратеници. За нас е чест и привилегија на европскиот пат да имаме силен и искрен сојузник како што е Германија. Убедени сме дека преку реформите, преку Берлинскиот процес кој за првпат ќе го водиме ние како држава кандидат, дека ќе ги дадеме сите аргументи за отворање на почнување на преговори, додека трае германското претседавање со Унијата“, порача Заев.

Во однос на политичката ситуација, Заев ја информирал амбасадорката дека СДСМ води сериозни разговори за формирање на ново стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

„Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласил Заев.

Од страна на амбасадорката Холштајн, биле упатени честитки за успешно организираните фер, слободни и демократски избори на 15 јули и било изразено уверување дека Германија продолжува уште повеќе посветено да ја поддржува Република Северна Македонија во остварување на стратешката цел – членството во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата