Што и порача Могерини на Македонија?

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2018
Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини порача дека патот кон Европската Унија е неповратен, а вратите се отворени.
По состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија, ги повикаа сите политички партии и граѓаните да ја поддржат имплементацијата на договорот за името со Грција.
„Сетете се, пред само еден месец договорот не беше потпишан, поканата за НАТО не беше доделена и ја немаше одлуката на Советот со временска рамка за преговори, за помалку од еден месец се наоѓате во сосема различно место“- вели Могерини.
Со доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан идниот вторник во Скопје почнува и скрининг процесот како прв чекор кон отворање на пристапните преговори со ЕУ во јуни 2019-та.
Владата најави дека ќе остане посветена на реформите во најкритичните сектори до почетокот на преговорите.
Можеби ќе ве интересира
Mицкоски до Заев: Македонија ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи

Денеска Собранието му го одзима имунитетот на Вељаноски?

Мицкоски до Заев: Сети се на Милошевиќ, на Чаушеску, и тие мислеа дека се недопирливи

Ако патувате во Грција, нема повеќе листови на граница

ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонија ја „тресат“ апсења, Бугарија го ратификуваше Протоколот

ДОСИЕ: Дали Јанакиески и Ристовски на 27 април давале наредби како што тврдеше Нинџа?

ДОСИЕ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ: Првиот меѓу еднаквите заврши како осомничен за „крвавиот четврток“

Екс премиерот Груевски осомничен за „крвавиот четврток“
