23 Април, 2024
0.0341

Што им порача Прибе на македонските политичари?

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште мора многу да се сработи, да се спроведат неопходни реформи во евроинтегративниот процес. Очигледно е дека во извештајот централно прашање и приоритет е посочено владеењето на правото со сите аспекти што ги подразбира, истакна Рајнхард Прибе кој учествува на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систем што се одржува во Охрид.

Прибе кој ја предводеше петчлената експертската група на ЕУ задолжена за системски прашања, во изјавата за медиумите нагласи дека повеќе не е официјален претставник на ЕУ, но лично се надева дека Македонија и државите од регионот ќе направат исчекор во процесот на евроинтеграција.

Тој одби да издвои област каде би требало политиката, државата и институциите да ги насочат своите реформски процеси.

„Се работи за серија препораки. Вледеење на правото е клучно за проближување кон ЕУ, сите ресурси и сили во општеството би требало да бидат ангажирани и насочени кон таа цел“- Прибе.

Прибе имаше свое изглагање пред учесниците на Конференцијата за реформи во безбедносните структури, во кое ја нагласи важноста на безбедносните прашање во процесот на приближување и членство во ЕУ, оттаму што самата Унија се соочува со проблеми од безбедносна природа.

„ЕУ и државите од Западен Балкан мора да соработуваат кога е во прашање безбедноста, така што тоа прашање е високо на агендата на ЕУ“- вели Прибе.

Безбедносните прашања не можат да се разграничат дали ги засегаат државите члнеки на ЕУ и на оние кои се апсиранти за членство, додава тој. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост