(ВИДЕО) Додека го апсеа, Асанж даваше отпор ама праќаше и пораки
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој беше уапсен денеска во амбасадата на Еквадор, даде значителен отпор за време на апсењето, и како резултат на тоа, седум лица мораа да го однесат во полицискиот автомобил, пренесува Русија денес.
На снимката што се појави на интернет, се гледа дека Асанж се обидува да ја убеди полицијата да не го уапси и им зборуваше нешто.
Иако нејасно се слушна она што го кажува, Асанж ги изговори овие зборови во еден момент: „Мора да се спротиставите, можете да се спротивставите“ (en. You must resist, you can resist).
Сепак, ова не ги спречи полицајците да го сместат во полициското комбе и да го однесат.
Инаку, владата на Еквадор ги укина барањата за азил на Асанж, по што британската полиција денес влезе во амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапси.
Видео: Русија денес