28 Март, 2024
0.1822

Што ја урна турската лира?

Објавено во: Економија 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Турската лира доживеа драматичен пад. 

Оваа валута почна да опаѓа на рекордно ниско ниво во однос на доларот, но претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган ја отфрла загриженоста, велејќи им на Турците дека „ние го имаме нашиот Господ“.  Ердоган го рече ова, поттикнувајќи ги Турците да ги продаваат доларите и златото, а да купуваат лири.

Тој вели дека ќе се спротивстави на притисоците од САД.

„Се водат повеќе кампањи. Не им обрнувајте внимание. Не заборавајте, ако тие ги имаат нивните долари, ние го имаме нашиот народ, нашиот Господ. Ние работиме напорно. Погледнете каде бевме пред 16 години, а каде сме сега“ – изјави Ердоган.

Турција планира да ги намали државните трошоци за 5,6 милијарди долари, со цел да ја зголеми довербата во националната валута, соопшти денеска турскиот министер за финансии и буџет, Берат Албајрак.

Падот на турската лира за 30 %, падот на берзата за 17 %, скок на каматните стапки на задолжување на државата во лири на 18 %, а тоа би можело да биде најава на економска криза.

Загриженост за состојбата со турската економија изрази и ММФ кои во длабина ја скенираат состојбата во земјата.

Американскиот претседател, Доналд Трамп кажа во јули  дека САД ќе воведе големи санкции против Турција, но засега тоа не се случи.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат