25 Април, 2024
0.0273

ШТО ЌЕ ДОГОВОРАТ И ПОТПИШАТ: Заев, Рама и Вучиќ почнаа разговори за „мал Шенген“

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Нови Сад утринава почна трилатералната средба на Србија, Албанија и Македонија а српскиот претесдател Александар Вучиќ е домаќин на премиерите на двете земји Еди Рама и Еди Рама на самитот чија главна тема ќе биде подобро поврзување на пазарите во регионот и предлогот на српскиот претседтаел за воспоставување на „мал Шенген“.

На средбата, на Офицерскиот павилјон на Петроварадинската тврдина, фокусот ќе биде ставен на регионалната соработка и економската интеграција, отстранување на бариерите за бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги во трите држави чиј пазар е 20 милиони луѓе.

Предвидено е состанокот да трае два часа, по што тројцата претставници ќе им се обратат на медиумите.

Денес, како што дознава и пренесува Танјуг, ќе се потпише декларација за намерите.

Заев и Рама вчера допатуваа во Србија, а синоќа со домаќините Вучиќ и Брнабиќ прошетаа низ новосадските улици.

При таа прилика Вучиќ за трите земји порача дека оваа средба значи многу.

-Среќен сум што почнавме да се грижиме за себе и што не мораме да имаме тутор, да можеме вака, со музика во Нови Сад да се договораме за подобра иднина за нашите работници, нашите селани, и пред се за нашите млади да останат во нашите земји-наведе Вучиќ.

Вучиќ, Рама и Заев веќе разговарале за состанокот неформално за време на Генералното собрание на ООН во Њујорк во септември, а српскиот претседател тогаш објави дека ќе бидат направени планови во Нови Сад за поврзување на пазарите во регионот, или за создавање на еден вид „мал шенген“.

Целта е да се оди чекор напред во однос на ЦЕФТА договорот, кој е доведен во прашање откако Приштина воведе такси на производите од централна Србија и БиХ.

Досегашните искуства имено , покажале дека камиони со производи на граничните премини помеѓу земјите од регионот чекаат подолго од 20 часа.

Економистите очекуваат дека со воспоставување на „мал Шенген“ на Западен Балкан, компаниите од цел регион би добиле поголем регионален, заеднички пазар со скоро 20 милиони потрошувачи.

Иницијативата ја поздравија регионалните комори на сите земји од Западен Балкани, кои собираат повеќе од 350 000 компании.


Фото: РТС/Танјуг

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?