Што ќе донесе циклонот Глорија во Македонија?
Објавено во: Македонија 12 Март, 2018
Влијанието на циклонот Глорија ќе биде почувствувано во земјава, па така ќе има услови за дожд, а можни се и ретки грмежи.
Најпрвин во западните предели, а потоа и во останатите ќе има повремени врнежи од дожд кој сепак најинтензивни ќе бидат на запад и север каде локално ќе наврнат од 15 до 20 л/м2 воден талог. Локално ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека маскималните дневни температури на воздухот и натаму ќе бидат далеку над просекот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.