Што ќе прави Катар со нафтата?
Објавено во: Економија 11 Јуни, 2017
Катарскиот министер за енергетика, Мухамед бин Салин ел Саде изјави дека Катар ќе ја почитува одлуката на ОПЕК за намалување на производството на нафта.
Тој вели дека ќе ја почитуваат оваа одлука иако се соочуваат со криза.
Дневно Катар произведува најмногу 30.000 барели нафта.
ОПЕК во мај го продолжи ограничувањето на производството на нафта и тоа ќе трае до март следната година.
Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Јемен и Египет пред неколку дена ги прекинаа односите со Катар, земјата која ја обвинуваат за помагање тероризам.
Поради оваа криза се постави прашањето како ќе делува Катар како дел од ОПЕК каде има 12 членки, меѓу кои се и земји кои го блокираат Катар.