29 Март, 2024
0.0256

Што ќе продава тетовски „Интерпромет“?

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите издавачи на деловен простор во Тетово, „Интерпромет“ кој поседува повеќе од 20.000 квадратни метри недвижен имот наскоро ќе одлучи дали на продажба ќе даде деловен простор кој се наоѓа во близина на „Веро“ во Тетово.

Тетовската трговска компанија „Интерпромет“ планира да продаде недвижен имот во вкупна површина од 1.874 квадратни метри лоцирани на булеварот „Маршал Тито“. Причината заради која акционерите ќе одлучат за продажба е тоа што овој имот на подолг рок е нерентабилен и генерира дополнителни трошоци, пишува во образложението на предлог одлуката достапна на веб страницата на берзата. Акционерското собрание на кое ќе одлучува за овластување на менаџментот да почне активности и да прибере понуди е закажано за 11 март годинава. Неофицијално станува збор за деловен објект од 1.011 квадратни метри и дворна површина од 1.863 квадратни метри кои се наоѓаат близу до супермаркетот „Веро“ во Тетово. Квадратурата на имотот што ќе биде понуден на продажба е достапна на следниот линк во јавната база на податоци на Агенцијата за катастар на недвижности http://web01.katastar.gov.mk/prebmkzel/page3.aspx

Што се поседува „Интерпромет“

„Интерпромет“ е основан 1973 година и бил структуиран како најголема тетовска трговска компанија која поседува и стопанисува со деловен простор во Тетово. Според официјални јавно достапни податоци од берзата во ревизорскиот извештај за 2017 година пишува дека „Интерпромет“ ги поседува стоковните куќи „Тетово“ со површина од 2.271 квадратни метри, стоковната куќа „Центар“ со површина од 7.219 квадратни метри и  дистрибутивниот трговски центар ДТЦ со површина од 6.789 квадратни метри(во кој порано се складирале државни стокови резерви). Потоа објект на ПКБ со површина од 3.455 квадратни метри, објектот „Стара пошта“ со површина од 538 квадратни метри, објектот “Дреноец“ со површина од 237 квадратни метри и објект на Попова шапка со површина од 76 квадратни метри.

Како работи „Интерпромет“?

 Од последниот достапен годишен извештај за 2017 година се гледа дека од наем компанијата остварила приход од 364.000 евра. Добивката за 2017 година била 45.000 евра, а најголема расходна ставка биле трошоците за 29 вработените кои во таа година изнесувале 155.000 евра. Во првите девет месеци лани компанијата остварила приходи (најголем дел од наем) од 322.300 евра и тие во однос на истиот период 2017 година се повисоки за 14 отсто. За овој период , заради тоа што расходите останале речиси на исто ниво како и лани, компанијата остварила добивка од 115.000 евра што е неспоредливо подобар резултат од 2017 година.

Кој е газда на „Интерпромет“?

Фадил Алили, физичко лице од тетовското село Порој, поседува 61 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. Втор по големина акционер е Харун Тачи, брат на Мендух Тачи претседател на политичката партија ДПА, кој поседувал 23,23 отсто од акциите со право на глас. Во акционерската структура на „Интерпромет“ има уште 174 физички лица од кои само еден е странец и тие заедно поседуваат околу 15 отсто од акциите со право на глас.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат