ШТО ЌЕ СЕ ПОТПИШУВА: Во Скопје денес заедничка владина седница на Македонија и Косово
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2021
Скопје денес ќе биде центарот каде ќе се случуваат заедничките владини седниците на Македонија и Косово.
Ова е прва заедничка седница на владите на двете земји , а истата ќе ја предводат премиерите Заев и Курти.
Косовската делегација ќе биде пречекана со сите свечени церемонии а пред да почне заедничката седница, Заев и Курти ќе имаат тет а тет средба.
Најавата од прес службата на владата е да се стават потписи на повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот и слично а потпишувањето ќе се одвива свечено.