19 Април, 2024
0.0260

Што ќе се случи со цената на пивото на светско ниво?

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Топлинските бранови и сушите од климатските промени ќе го намалат родот на јачменот, а со тоа и производството на пиво, сметаат научниците.

Јачменот е многу чувствителен на сушата и горештините и неговиот род ќе опадне доколку продолжат климатските промени, што ќе доведе до недостиг на пиво и раст на неговата цена, се наведува во студијата објавена во магазинот Nature Plants.

Само јачменот со најдобар квалитет (помалку од 20 отсто од вкупното глобално производство) се користи за пиво. Со остатокот се храни стоката.

Ако глобалното загревање продолжи, екстремните горештини и сушите ќе ги зафатат регионите во кои се одгледува јачмен барем еднаш годишно. Тоа ќе доведе до пад на производството на пиво за 16 отсто.

Цените во просек ќе се удвојат, се вели во студијата.

„Целта на оваа студија не е да ги поттикне луѓето денес што повеќе да пијат“ – вели Дабо Гван, професор по економија на климатските промени на Универзитетот Ист Англиа во Норвич.

Според најоптимистичното сценарио, со моменталното значително намалување на емисијата на стакленички гасови, глобалното производство на пиво би паднало за четири отсто, а цените би пораснале за 15 отсто.

Некои земји би биле посебно погодени, стои во студијата, вклучително европските земји, САД, Нов Зеланд и Австралија.

Најголеми светски извозници на јачмен се Австралија, Франција, Русија, Украина и Аргентина. Најголеми увозници се земји како Кина, Саудиска Арабија, Иран, Холандија, Белгија и Јапонија.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите