Што ќе се случи со грчките компании кои го имаат терминот „Македонија“?
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2018
Претседателот на Здружението на индустрии од северна Грција ги повикува компаниите кои во своето име или име на производ го содржат терминот „Македонија“ по брза постапка да го заштитат за да не се соочат со проблеми по Преспанскиот договор.
Вакви компании има над 4000 во Грција, а само 24 со ознака за потекло или име со термин „Македонија“. Со договорот за името, компаниите за своите комерцијални цели ќе треба да се погрижат сами. Досега од Македонија процесуирани се барања на 4 производи и тоа поради земја на потекло на производот. Ова може да предизвика одредени дополнителни трошоци за компаниите, но и во Македонија и во Грција, бидејќи ќе мора да создаваат нови трговски марки и да ги заштитуваат.