17 Јуни, 2019
0.0268

Што крие снимката за апсењето на Љубе Бошкоски која за прв пат е презентирана?

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2018

Во судот денеска се прикажуваше видео снимка, направена од полицијата, во моментот кога се апсел тогашниот лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски. 

Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, рече дека оваа снимка не била дел од доказите во случајот „Кампања“, но затоа пак денеска е презентирана како доказ доставен од СЈО за случајот „Тортура“. Во овој случај Бошкоски е оштетен.

За адвокатот сето ова е симптоматично. 

„МВР го поседувала материјалот, а истражниот судијата морал да го евидентира како таков. Не би сакал однапред да коментирам, но факт е дека сега обвинителството треба да се позанимава со ова без разлика што тој предмет е завршен. Треба да се види каде затаиле институциите,  дали е тоа во рамките на МВР кој овој видео материјал не го доставил до истражниот судија, дали истражниот судија не го проследил до обвинителството или пак самото обвинителство не го проследило до судот“- вели Кратовалиев.

Снимката е направена околу 16 часот, кога Бошкоски се апси по втор пат, затоа што дел од медиумите не успеале да стигнат навреме, па била направена реприза за сите да го снимаат Бошкоски со лисици на рацете.

„Тортура“ е предметот за лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се екс директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Бошковски во случајот „Кампања“ беше осуден на пет години затвор. 

Можеби ќе ве интересира

Колку директори ќе бидат „сметени“?

Колку директори ќе бидат „сметени“?

Арсовски: Неспособноста доведе да нема суштински реформи во државата

Арсовски: Неспособноста доведе да нема суштински реформи во државата

Мицкоски на 29 годишницата на партијата: СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува

Мицкоски на 29 годишницата на партијата: СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ со народот победува

ФОКУС НА ДЕНОТ: Промени во СДСМ, невреме зафати делови од Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Промени во СДСМ, невреме зафати делови од Македонија

Татјана Стојановска Иванова, Рената Дескоска, Драган Тевдовски - кој уште влезе во Извршниот одбор на СДСМ?

Татјана Стојановска Иванова, Рената Дескоска, Драган Тевдовски - кој уште влезе во Извршниот одбор на СДСМ?

За функционерите ќе има месечен календар

За функционерите ќе има месечен календар

(ФОТО) Долга колона автомобили стои на грчката граница

(ФОТО) Долга колона автомобили стои на грчката граница

„КУМОВИТЕ“ НЕОРГАНИЗИРАНИ: Километарски колони од возила на грчката граница

„КУМОВИТЕ“ НЕОРГАНИЗИРАНИ: Километарски колони од возила на грчката граница

Заeв: Ќе има реконструкција на Владата

Заeв: Ќе има реконструкција на Владата