19 Април, 2024
0.0320

Што купува Кина од Македонија, а што ние од нив

Објавено во: Економија 22 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина за првите осум месеци од годинава изнесува 316,1 милиони американски долари.

„Споредено со истиот период лани евидентирано е зголемување од 12,25 проценти. Во истиот период остварен е извоз во вредност од 21,5 милиони американски долари со намалување од 52 отсто споредено со седумте месеци од 2017 година, додека увозното салдо изнесува 294,6 милиони американски долари и евидентира раст од 24,4 отсто“, вели Даниела Михаjловска - Василевска од Стопанскатa комора на Македонија за Радио Слободна Европа.

Во трговската размена со Кина, Македонија остварува негативен трговски биланс од 237 милиони американски долари кој споредено со истиот период лани е повисок за 42,2 отсто.

Од Сојузот на Стопански комори посочуваат дека во последните пет години Кина се позиционира меѓу 10-те најголеми трговски партнери на Македонија и оти по Германија, Велика Британија и Грција кои се на првите три места, Кина е седма земја со најголем обем на размена со државава.

Инаку според официјалните податоци во структурата на извозот на македонски производи на кинескиот пазар најзастапени се: мермер, травертин, и друг варовнички камен фероникел, вино, разни видови електрични апарати, рачни часовници , возила за специјална намена, делови и прибор за моторни возила и други електрични спроводници.

На страната на увозот од Кина во Македонија најголемо учество имаат: телефонски апарати, вклучувајќи и телефони за целуларни мрежи, приемни апарати за телевизија, машини за климатизација, ткаенини со 85 проценти памук или повеќе, производи од железо или нелегиран челик.

Основот по кој се отворија повеќе можности за соработка со Кина , и иницирање нови инвестициски активности е проектот „16+1“, кој ги опфаќа земјите од Централна и Источна Европа со Кина. Согласно овој проект се работи на зголемувањето на трговската размена и подобрувањето на инфраструктурната поврзаност, што треба да ја унапреди соработката меѓу двете страни.

„Стопанската комора на Македонија со свои членки учествува на поголем дел од активностите поврзани во рамки на проектот 16+1. Имајќи го предвид фактот дека изминатиот период расте интересот за инвестирање на Кина во земјите од регионот, Црна Гора, Грција, Србија, има можност за проширување на инвестициската активност и во нашата земја пред се во делот енергетиката и инфраструктурата”, вели Даниела Михајловска - Василевска од Стопанската комора.



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите