ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
Објавено во: Свет 24 Април, 2025 13:00
Американската „Фокс Њуз“ вчера ги објави резултатите од својата последна анкета што покажува дека Доналд Трамп во моментов е најмалку популарниот американски претседател на 21 век во оваа фаза од неговиот мандат.
Според анкета, по 100 дена минати во Белата куќа рејтингот на Трамп е 44 отсто, што е значително помал од Џо Бајден (54 отсто), Барак Обама (62 отсто) и Џорџ Буш (63 отсто) во истиот период од нивното претседателствување.
„Фокс Њуз“, исто така, истакнува дека популарноста на Трамп е помала дури и во споредба со неговата прва администрација, кога тој имаше 45 отсто поддршка на 100-тиот ден од неговиот мандат.
„Фокс“ наведе дека падот на поддршката е најизразен кај прашањата на економијата, инфлацијата и царината, а вкупниот рејтинг од 44 отсто претставува пад од пет процентни поени во однос на март. Трамп притоа добил најдобри оценки за граничната безбедност, каде што 55 отсто од испитаниците ја одобруваат неговата работа. Тоа е и единственото прашање на кое неговиот рејтинг е позитивен.
Во однос на прашањето за имиграцијата, рекордни 47 отсто ја одобруваат работата на Трамп (48 отсто не ја одобруваат), додека само 38 отсто ја одобруваат неговата работа во економијата (56 отсто не ја одобруваат), што е нов најнизок резултат.
Тој доби најлоши оценки за инфлација (33 отсто одобруваат, 59 отсто не одобруваат), потоа царината (33 отсто одобруваат, 58 отсто не одобруваат), надворешната политика (40 отсто одобруваат, 54 отсто не одобруваат), даноците (38 отсто одобруваат, 53 отсто не одобруваат) и оружјето (41 отсто не одобруваат, 41 отсто не одобруваат).
Оваа анкета е изненадување бидејќи вестите што го прикажуваат Доналд Трамп во негативно светло не се вообичаена појава на „Фокс“. Имено, тие се познати како про-Трамп медиум, со бројни примери на пристрасно известување во корист на него и Републиканската партија, како и „размена“ на вработени меѓу двете партии.
На пример, за време на претседателствувањето на Трамп, „Фокс Њуз“ им даде значително повеќе простор на неговите интервјуа и позитивното известување, додека критиките за него беа ретки во ударните термини.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев
САД со најголема забрана досега: Повеќе од 30 држави под удар
Велика Британија сака да отклучи „златно доба на нуклеарното оружје“, но се соочува со клучни предизвици во оживувањето
Најновото предупредување на Путин до Украина покажува колку е малку веројатен мировен договор
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран





