Што му нуди Меркел на Макрон?

Објавено во: Свет 13 Мај, 2017 09:41
Германската канцеларка, Ангела Меркел на официјален Париз му предлага да го прифати германскиот рецепт за економска обнова, кој е воведен пред 10 години.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, пораката од Германија доаѓа непосредно пред средба на Меркел со новиот француски претседател, Емануел Макрон закажана за понеделник.
На средбата ќе се разговара за билатералните односи и за иднината на ЕУ.
Меркел смета дека Франција по изборот на Макрон треба да го искористи рецептот со кој Владата на поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер во 2003 година направи низа реформи меѓу кои најважни беа преземени во сферата на пазарот на трудот и со тоа создаде предност пред останатите европски економии.
„Се дотогаш Германија и Франција беа на исто ниво на економски перформанси. Во овој случај не се работи дека Германците се подобри, туку дека и Франција може да го стори истото“ - рече Меркел на дебата со претставници на бизнис заедницата во Дизелдорф.
Меркел најави дека со Макрон ќе разговара за засилување на механизмите на еврозоната и за спроведување реформи што ќе дадат брз резултат на пазарот на трудот.
Можеби ќе ве интересира
ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц
