20 Април, 2024
0.0681

Што најави лидерот на СДСМ: Ќе се укинат патните трошоци за пратениците, судии што застаруваат предмети ќе се разрешуваат

Објавено во: Македонија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ако дојдат на власт, ќе повлечат неколку чекори во рамките на извршната и нa судската власт.

Меѓу новите предлози во правосудството Заев најави дека судиите кои намерно ќе застарат предмет по автоматизам ќе бидат разрешени. Предметите ќе се следат електронски, а  Судскиот совет и Советот на јавните обвинители само ќе треба да констатираат кои судии застариле предмети. Ќе се прави и ревизија на пет остсто на сите судски пресуди во изминат 5 години по случаен избор. Ќе има и законска обврска за јавна објава на сите трошоци на судии, обвинителите, но и на градоначалниците.

Заев најави дека новиот парламентарен состав ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието. 

Ќе има и награди за пријавители на кривично дело чија пријава ќе биде основана.

Секоја институција ќе има обврска 4 пати во годината да има отворен ден за граѓаните.

Лидерот на СДСМ рече и дека ќе ја намалат јавната администрација за 20 проценти и дека во администрација ќе работат тие што се спремни да им служат на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители