ШТО НАПРАВИ „КРЕДИТ СВИС?“ Исплатена ликвидност од 112 милијарди долари
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2023
„Credit Suisse“ ја отплати ликвидноста од 100 милијарди швајцарски франци (112,50 милијарди долари) што ги позајми со помош на владини гаранции, објави швајцарската министерка за финансии Карин Келер-Сатер.
– Федералните гаранции, 100 милијарди, се вратени во вторникот, изјави Келер-Сутер за швајцарската телевизија СРФ.
Како дел од државно оркестрираното спасување и преземање од ривалската банка УБС, „Кредит Свис“ доби пристап до над 200 милијарди франци за поддршка на ликвидноста, од кои 100 милијарди беа поддржани од владата, потсетуваат агенциите.
Во своите квартални резултати објавени во април, „Credit Suisse“ наведува дека „нето износот на задолжувањето во рамките на овие средства изнесува 108 милијарди швајцарски франци“.