29 Март, 2024
0.0294

Што наведe македонската страна во нотата испратена до Грците?

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Mакедонското Mинистерство за надворешни работи вчера до грчката дипломатија испрати нота за тоа дека Македонија ги исполни своите обврски од Спогодбата со Преспа. Тоа отвори дилема за значењето на зборот „македонско“.

Се работи за документ на шест страници кои стигнаа кај јужниот сосед пред гласањето на доверба на  Владата на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент. Во дел од нотата се споменува дека прашањето на националност е решено според договорот од Преспа.

„Во духот на договорот терминот националност на Втората страна дефинирана во член 1 ставови (3) и (б) од Договорот како „Македонци/граѓани на Република Северна Македонија“ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етникумот како што e тоа пропишано во член 2 став  2 од Уставниот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија“, стои во испратената нота.

Ова е делот кој и Ципрас во својот говор за доверба на Владата го искористил за да му одговори на претседателот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис.

„Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава“, рече Ципрас за време на расправата.

Во согласност со  Договорот „националноста на Втората страна ќе биде Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, како што ќе биде запишано и во патните документи“.  

Документот ги има и одлуките за уставните амандмани, онака како што на 12 јануари беа објавени во Службен весник.

Македонската страна ги исполни обврските, сега на ред се Грците. Тие треба да го ратификуваат Договорот од Преспа. 

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“