07 Декември, 2025
0.0434

Што (не) е Македонија?

Објавено во: Колумни 22 Февруари, 2018 07:56

Добивај вести на Viber

Јаизчната подоснова за перцепирање на терминот МАКЕДОНИЈА се манифестира преку употребата на мајчиниот јазик (македонски), почитувањето на истиот, неговата употреба и ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО со македонскиот јазик, односно неговото САКАЊЕ.

Суштинската теза за Македонецот, неспорно, е дека ЈАЗИКОТ Е НЕГОВА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛОСНА ТАТКОВИНА (Конески). Тоа е начинот на кој луѓето во Македонија се разбираат и ќе продолжат да се разбираат. И него го користат не само МАКЕДОНЦИ - МАКЕДОНЦИ. Него го користат и ќе продолжат да го користат МАКЕДОНЦИ – АЛБАНЦИ / ТУРЦИ / РОМИ / ВЛАСИ / СРБИ / БОШЊАЦИ / БУГАРИ / ГРЦИ / КОСОВАРИ.

Значи македонскиот јазик покрај јазик на Македонците е и јазик - lingua franca на Македонија.

Поради тоа, а имајќи го во контекст „проблемот“ со Грците и „прашањето за името“ – јазикот е оној за кој нема простор за преговарање. Тој е стекнато право, веќе признаено, и од тоа нема назад. Тоа значи - Македонски јазик ЕРГА ОМНЕС.

Тоа значи дека во ДРЖАВАТА Македонија МОРА да го говорат и разбираат сите кои живеат во Македонија. Без разлика какви се и кои се. Односно, кога ќе се каже дека македонскиот јазик мора да го говорат и разбираат сите кои живеат во Македонија - не треба да се помислува веднаш на етничките НЕМАКЕДОНЦИ. Голем дел од нив (односно етнички албанци/турци/срби/власи) го говорат македонскиот јазик како да им е мајчин! А не им е. А некои МАЌЕДОНЦИ македонскиот јазик го говорат како да не им е! А им е.

И сега доаѓаме до клучот на многу проблеми – идентификување на стравовите.

Стравот кај МАКЕДОНЦИТЕ е дека ќе пропаднат, ќе ги потлачат и ќе ги уништат (ќе ги снема). Тоа е некаква постојана несигурност за губење на себството и постоењето. А тоа е само фиктивен страв, кој нема вистинска основа. На граница со параноја.

Стравот кај АЛБАНЦИТЕ во Македонија пак е ЈАВНО ДА КАЖАТ дека се МАКЕДОНЦИ и Македонија е нивна татковина. Тоа подразбира дека е потребно некогаш да излезат и јавно да кажат дека оној што направил кривично дело, кој повикал на омраза, кој повикал на уништување и убивање, кој масакрирал и горел тела на живи луѓе – ТОЈ Е ВИНОВЕН. Без да се навлегува во правно-технички-детално-разјадувачки и релативизирачки контексти.

Излезете и кажете кој е виновен. Осудете го.

3. НАЦИОНАЛНА (НАЦИЈА) ПОДОСНОВА

Националната подоснова, во нормални услови е подоснова која е клучна, која е едно ниво над етничката подоснова, а која во себе ја содржи етничката (ја восприема, односно ги прифаќа РАЗЛИЧНИТЕ ЕТНИЧКИ подоснови и ги ИНТЕГРИРА) – на таков начин ја креира националната СВЕСТ. И повеќе од јасно е дека таа свест во Македонија колективно се уште не претставува завршен процес. Македонците ја перцепираат националната свест како единствено своја и ничија друга, додека албанците се уште тргнуваат од албанската национална свест примарно пред македонската.

И за тоа МНОЗИНСТВОТО е она кое треба да го направи првиот чекор. Етничките Македонци се оние кои први треба да ја подадат раката на пријателството и довербата. Без да сакаат да ги променат албанците.

А МАЛЦИНСТВОТО (читај: албанците) треба да сфатат дека македонската национална свест е и нивна национална свест. Македонската држава не е држава во која НЕ СЕ ПЛАЌА ДАНОК. Не е држава во која НЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА. Не е држава во која не се вее МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ.

Тоа НЕ Е МАКЕДОНИЈА.

Златко Кујунџиски

(продолжува)


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?