ШТО НЕ ТЕ УБИВА, ТЕ ПРАВИ ПОЈАК - Моника е подобра, но раните уште се видливи
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2020
Моника Ристевска, активистка, која завчера вечерта беше крвнички претепана од својот татко, кој за ова дело заврши во полициска станица, денеска објави нови фотографии, од кои се гледа дека таа сега е во подобра состојба.
Претходно таа напиша за нејзиниот татко, дека сакал „да ја врати во затвор нестабилен луд алкохоличар. Господ ќе го казни!“.
Претходно, пак, Ристевска имаше пост дека „Пред да дојде полиција си ја лупал главата во ѕид се самоповредил и глумел жртва демек ја прва сум го нападнала, а он мене од заседа ми се фрли!“, пишува Конопова.
На Балкан жената или ќе ја тепа таткото или мажот! Стоп за#семејнонасилство, е еден од постовите на моника Ристевска.
„Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“, објави Конопова.
Министерот за внатрешни работи, пак, Наќе Чулев, по случајот, објави дека „во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“.
Моника Ристевска, алијас Конопова, не е непозната за македонската јавност. Таа долги години се залага за легализација на марихуаната, а лани беше осудена на една година затвор, откако во нејзиниот дом беше пронајден канабис.