28 Март, 2024
0.0292

ШТО ПОБАРАА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - и повисоки пензии, ама и стабилен систем

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Јануарската пензија е повисока за 722 денари месечно, а ова зголемување влегува во основицата на пензијата што ќе се исплатува секој месец, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ на денешната средба со пензионерите во Велес.

„Просечната пензија изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите е планско, со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем и раст на економијата во државата“, посочи Шкријељ.

Како министерство инвестираме и во развој на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови и развој на центри за активно и здраво стареење на возрасни лица, кои ќе се користат за социјализација и дружење, нагласи Шкријељ, додавајќи дека активностите за подобрување на услугите на центрите за социјална работа на локално ниво ќе продолжат и во наредниот период затоа што секој заслужува достоинствен живот.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова на работната средба укажа дека најважна е редовната исплата на пензиите но и стабилноста на пензискиот фонд.

Сите пензионери сакаат повисока пензија но не смее да се дозволи ерозија на пензискиот систем. Затоа, многу е важно што ова зголемување доаѓа како резултат на реформата и стабилизирањето на пензискиот систем. Посебно сакам да одговорам на прашањето што често ми го поставуваат, дали и во следната пензија ќе биде вграден порастот на пензија. Да, и во март, пензијата што ќе ја добиете, повторно ќе биде повисока за 722 денари. Ова усогласување е направено со закон и е трајно, ќе се пресметува редовно, секој месец", рече Трајкова.

На средбата се разви конструктивна дискусија за повеќе прашања поврзани со пензионерите коишто со својот труд во минатото учествувале во изградба на општество.

Дополнителната заменик министерка Шкријељ им одговори на пензионерите дека во наредниот период ќе продолжи реформата на пензискиот систем и посебно внимание ќе се посвети на утврдување на ново, повисоко ниво на минимална пензија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење