Што порачува Тимоние за Македонија по Законот за јазици?
Објавено во: Македонија 23 Март, 2018
Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска изјави дека Македонија по гласањето на Законот за јазиците треба да се посвети на реформите.
„Во Македонија треба да се почитува дијалогот и во секој случај овој закон е изгласан, меѓутоа при неговата примена треба да се почитува духот на консензусот. По овој закон треба да се сработи тоа што е зацртано и да се стави фокус на реформите“- истакна Тимоние.
Инаку, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи претходно му се обрати со видео обраќање на Тимоние за да му образложи што всушност ќе значи Законот за јазици.