29 Март, 2024
0.0293

Што потпишаа Спасовски и Каракачанов?

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија и Бугарија потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

„Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност за интензивирање на размената на информациите во однос на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и за спроведување на заеднички активности за идентификација на новите трендови за трговија со луѓе и креирање на погодни механизми за соодветен одговор. Исто така, со овој протокол се отвараат можности за спроведувањето заеднички јавни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за превенција на трговијата со луѓе, како и спроведување на заеднички проекти, обуки и размена на искуства со цел јакнење на капацитетите за борба против трговија со луѓе“ – рече Спасовски.

Каракачанов потенцира дека и потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

Ова е важен протокол со кој на повисоко ниво се подига соработката, размената на информации, оперативното делување на двете држави против трговијата со луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата