28 Март, 2024
0.0479

ШТО ПРЕДЛАГААТ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ЗА СПАС НА ЕКОНОМИЈАТА: Нови мерки и повеќе државни пари

Објавено во: Финансии 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Иселениците од земјава од организацијата Македонија2025 даваат свои предлози како домашните власти треба да се справат со економските последици предизвикани од коронакризата. 

Од Македонија 2025 велат дека пред точно една недела тие објавиле своj коментар на антикризните мерки кои ги презема Владата, и дале предлози за нови мерки врз основа на компаративна анализа со мерките во земјите на ЕУ.

Накусо, нивните глави предлози беа следниве. 

Неопходно е зголемување на износот на помошта до 1,5 отсто од БДП, и дополнително задолжување на државата доколку е потребно. Проширување на опсегот на фирми кои ќе бидат помогнати и нивна категоризација според загубите (поддршката и мерките да бидат аплицирани соодветно на загубата на приходи).

Мерките за поддршка на платите да имаат важност од март, а не од април (односно, со априлската плата која би била исплатена во мај).

Специфични даночни ослободувања и ослободувања од плаќање на социјални придонеси, на многу повиско ниво од предвидените ослободувања во антикризниот пакет на мерки. Намалување и целосно времено укинување на повеќе парафискални давачки, мерки за поддршка на земјоделството, како и поддршка на домашните компании кои произведуваат стратешки производи, да се поттикнат и поддржат набрзо да го зголемат производството.

„За жал, и покрај интензивните дискусии во стручната јавност, во медиумите и во државните институции во текот на изминатата недела за потребата за воведување на нови мерки, тоа сѐ уште не се случи. Најавено беше ново задолжување на државата (до 600 милиони евра) и помош од страна на ЕУ од околу 70 милиони евра. Беше донесена Владина Уредба со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со коишто ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона-кризата. За последното, сѐуште се чека реакција на банките, односно секоја банка ќе донесе своја одлука дали и како ќе реагира“, велат во своето соопштение од Македонија2015.

Од оваа организација цврсто стојат на својот став дека врз основа на случувањата во земјаава изминатава недела и примерите од земјите членки на ЕУ, како и САД, овие препораки и натаму се актуелни. Всушност, оттаму сметаат дека итно е потребно да се спроведе следново. 

Да се донесе дополнителен пакет на антикризни мерки.

Зголемување на поддршката на стопанството до 1,5 отсто од БДП или 170 милиони евра (4,7 отсто од планираните буџетски приходи во 2020 година).

Проширување на опсегот на сектори кои ќе бидат поддржани и категоризација според загуби, по примерот на неколку земји на ЕУ, на пример Холандија.

Мерките да се применуваат од март, и да траат најмалку три месеци со можност за продолжување од три месеци наместо сегашната важност од два месеци, како на пример во Грција, Холандија, Хрватска.

Мерките да одговараат на потребите на бизнисите, наместо универзален пристап кон сите. Треба да се дизајнираат посебни пакети за подрршка на секторите кои се важни за економската иднина на земјата, сектори кои креираат поголема вредност и поголем извоз.

„Покрај директните негативни ефекти од корона вирусот, во меѓувреме, беа направени надолни ревизии на проекциите за економскиот раст во сите најзначајни трговски партнери на Македонија. Тоа дополнително негативно ќе се одрази врз домашното производство и извозот. На пример, според проекциите на Fitch Solutions, германската економија во 2020 ќе забележи пад од 0,8 отсто, грчката за 1,5 отсто, а БДП на Италија ќе се намали за 2,9 проценти“, велат од Македонија 2025.

Во меѓувреме, потенцираат, земјите членки на ЕУ донесоа дополнителни антикризни мерки и планираат дополнително државно задолжување за да ги намалат негативните ефекти од корона вирусот. На ниво на Еврозоната, просечниот износ на ветената поддршка на компаниите е 3 отсто од БДП. САД предничи со износот кој веќе е одобрен за поддршка на економијата во вредност од 3.600 милијарди ЕУР, што е околу 20 отсто од БДП и околу 78 проценти од планираните буџетски расходи за 2020 година. На прво место во ЕУ е Данска со планиран пакет за поддршка од 13 отсто од БДП. На пример, Данска обезбедува државни субвенции во висина од 75 отсто од платата во период од три месеци. Потоа следат Австрија и Шпанија со антикризни пакети во вредност од околу 9,5 отсто од БДП. Во Германија веќе се оформува нов пакет на мерки, а според одредени проценки, јавниот долг со сите планирани мерки и поддршка би се зголемил од 62 отсто од БДП во 2019 година на 80 проценти.

Од Организацијата презентираат и табела какви мерки се преземени во европските држави.

Оттаму ја повикуваат Владата да реагира побрзо (со донесување на нови мерки) и похрабро. Ова е вонредна состојба која бара вонредни мерки. Владата, велат, мора да покаже силно економско лидерство, а брзата реакција и поголема поддршка може да ја стави земјата на повисоко место на мапата на идните инвеститори и да ги пренасочи синџирите на набавка во корист на Македонија. 

Македонија2025 и понатаму се обврзува да дава конструктивни предлози за носителите на економските политики за надминување на економските потешкотии кои произлегоа од корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“