24 Април, 2024
0.0275

Што произведува АТС ГРУП на притворениот Шефкет Демировски?

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

АТС Груп, фабриката отворена во јули во индустриската зона Визбегово, а во сопственост на Шефкет Демировски, притворен и осомничен во Белград за илегален откуп на интелектуална сопственост, се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност.

Станува збор за капацитет кој произведува шлемови, елеци и други реквизити за лична заштита на професионалните војници и полицајци. АТС Груп развива стотина нови производи годишно за елитните специјални сили. Производство е под континуиран надзор со свои експерти образовани за наменско производство и под надворешна контрола на странски деловни партнери според ISO 9001 стандардите.

Исто така, има континуирана соработка во областа на развој на нови материјали со познати институти од Европа, САД и други региони.  Станува збор за специјализирана  фабрика за балистички производи и решенија со мултинационални консултации, во соработка со главните играчи на пазарот. Производството е според стандарди и препораки кои ги бара НАТО и САД.

Претходно, „Вечерње новости“ објави дека Демировски,  кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, делото го сторил со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде е косопственик.

Атс Груп е гринфилд инвестиција од три милиони евра која на почеток започна со вработување на 80 лица. За Демировски е познато дека претходно неколку децении работел во странство пред да одлучи да инвестира во земјава.

Годишниот обрт на производство на компанијата според најавите треба да изнесува 30 милиони евра. Финалниот производ е наменет за извоз на странските пазари пред се во Европа, Турција и Катар. 


Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција