23 Април, 2024
0.0498

Што пронаjдоа новите „експлоататори“ лани во македонското тло

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Новите концесионери договорени од пред неколку години започнаа со дополнителни истражувања за злато, сребро и бакар на македонското тло минатата година. Двата концесионери започнале со истражување на можностите во месноста Црн Врв и Плавица во Кратово и Пробиштип, како и во с.Луке во Крива Паланка, каде што се бара и олово-цинкова руда, според пријавите за ревизија на геолошки истражувања за минатата година.

Цементарница Усје и АД Тајмиште, исто така еден од новодоговорените концесионери од пред неколку години, побарале елаборат за испитување дали постојат дополнителни резерви на лапорец, материјал од кои се прави цемент, односно на железната руда во Кичево. За цемент во Сопиште била заинтересирана уште една фирма, според извештајот на Геолошки завод.

Градежни компании и нафтени трговци во голем број барале елаборати за можноста да се експоатираат варовници, но и на глина. Најатрактивни, односно најголем интерес имало за искористување на наоѓалиштата на мермер во околината на Прилеп и Долнени.

Се барал и јаглен, односно се барало дозвола за доистражувања и доиспитувања на јагленовото наоѓалиште „Брод Гнеотино“ во Битола од страна на АД ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола, а ЕСМ барал дополнително фосилно фориво и кај местото „Славеј“ во околината на Прилеп. Јавното претпријатие „Државни патишта“ пак испитувало наоѓалиште за чакал и песок додека се работело во Свети Николе.

„Кожувчанка“ на кавадаречкиот градоначалник и бизнисмен Митко Јанчев истражувала резерви на минерална вода, како и подземна вода на два различни локалитети во Кавадарци.

Истражување за евентуално проширување вршел рудникот „Саса“ - Македонска Каменица, можност која му беше дадена на новиот концесионер претходно. Дебарски Бањи барале нови резерви на термоминерална вода, а се барал и јаглероден диоксид од друг концесионер.

Имало интерес и за оникс и травертин - материјали за декоративно украсување и за домување. Една фирма барала и резерви на декоративниот камен шкрилец од кои се изработуваат градежни материјали. Внимание привлекле и кварцот, базалтот, но и можноста за фелдспад, дијабаз и андезит.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска